Путер-ванила колачиња со безглутенско оризово брашно
Бабините путер-ванила колачиња може да ги направите и со безглутенско брашно
- 75г путер или вегански путер
- 75г органски шеќер
- 1 лажица млеко или растително млеко
- 2 лажички екстракт од ванила
- 100г оризово брашно без глутен
- 1 лажичка органски прашок за пециво
- 4 лажици вода
Загрејте ја рерната на 190ºС. Обложете го плехот со хартија за печење. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додадете ги млекото и екстрактот од ванила. Во садот просејте го брашното и прашокот за пециво и измешајте. Додадете ја и водата за да добиете меко тесто. Од смесата формирајте 30 топчиња и ставете ги на плехот за печење. Притиснете ги малку за да се сплескаат и печете ги во претходно загреана рерна 20-22 минути.