BELUPO Наксил 200 мг, 20 шумливи таблети
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2021-10/Naxil-200-mg.gif?h=fbf7a813&itok=fI1r6OX5)
Опис на производот
Наксил шумливите таблети можат да се користат при лекување на болести на респираторните патишта како астма, бронхитис (воспаление на слузницата на душникот), емфизем (зголемување на воздушните простори и губење на еластичноста на белите дробови), муковисцидоза (цистична фиброза) и бронхиектазија (трајно проширување на разгранувањето на душникот).
Наксил е наменет за примена кај возрасни и деца постари од 2 години.
Пакување: 20 шумливи таблети
Содржина
Состав: 1 шумлива таблета содржи 200 мг ацетилцистеин.
Помошни материи: малтодекстрин, цитратна киселина - безводна, натриум хидроген карбонат.
Арома на портокал (природна арома на портокал, малтодекстрин, арапска гума, аскорбинска киселина, бутилхидроксианизол), леуцин, сахарин натриум.
Дозирање и начин на употреба:
Возрасни и деца постари од 7 години 1 шумлива таблета 3 пати на ден.
Деца од 2 до 7 години 1 шумлива таблета 2 пати на ден.
Начин на примена:
Шумливата таблета растворете ја во чаша вода.
Подготвениот раствор испијте го веднаш.
Болните со ослабен рефлекс на кашлање (постари лица и слаби и изнемоштени лица) шумливата таблета да ја земат наутро.
Лекот не се употрбува подолго од 14 дена, без советување со лекар.