VEET Expert Крем за депилирање, 100 мл

Veet Expert Legs & Body Hair Removal Cream With Shea Butter 100 ml
VEET Expert Крем за депилирање, 100 мл
195,00 ден.
166,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Акција
Шифра
054854C
favorite_border

Опис на производот

VEET Expert Крем за отстранување на влакна за нозе и тело, за сите типови кожа.

  • Ефектот започнува за 2 мин
  • Дејствува многу блиску до коренот со што ги отсранува дури и најкратките влакна
  • Ја одржува кожата мазна долго време
  • Производот е погоден за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа
  • Дерматолошки тестирано

Пакување: крем 100 мл + шпатула.

Содржина

Употреба:

1. Нанесете го кремот за отстранување на влакна Veet Expert со употреба на задната страна на шпатулата, рамномерно така што кремот целосно да ги покрие влакната

2. Оставете да делува 2 минути и потоа обидете се внимателно да го извадите кремот од мала област за тестирање со шпатула. Ако влакната лесно се отстрануваат, со шпатула отстранете го остатокот од кремот. Ако влакната се цврсти, можете да го оставите кремот да делува 6 минути. Сепак, не оставајте го подолго од 6 минути!

3. Исплакнете ги сите остатоци од кремот внимателно со вода. Исушете ја убаво кожата без да ја триете.

Мерки на претпазливост:

Не оставајте го кремот на кожата подолго од 6 минути. Оптимално е од 2 до 6 минути. Производот може да се користи за отстранување на влакната на нозете и телото.

Не користете го производот на херпес, лузни и бенки, или на кожа склона кон акни, иритирана или изгорена од сонце или кожа која претходно била иритирана со користење на креми за депилација. Третманот за отстранување на влакна не го повторувајте почесто од секои 72 часа. Ако користите лекови кои влијаат на кожата или имате кожна болест, прашајте го вашиот лекар дали можете да го користите производот.

Пред секоја употреба, ТЕСТИРАЈТЕ ДАЛИ ПРОИЗВОДОТ ПРЕДИЗВИКУВА РЕАКЦИЈА НА КОЖАТА со тоа што прво ќе го пробате производот според упатствата на мала површина од кожата на делот од телото што сакате да го третирате. Доколку кожата не реагира на производот во рок од 24 часа, можете да продолжите да го користите производот. Ако чувствувате печење или пецкање за време на употребата, веднаш отстранете ја кремата од кожата и исплакнете ја темелно со ладна вода. Ако чувството на печење не исчезне, посетете лекар.

Кожата може да биде почувствителна некое време по третманот, затоа избегнувајте иритација. Ви препорачуваме да почекате 24 часа пред да употребите антиперспирант, други парфимирани производи или производи за самопотемнување на третираната кожа или пред да пливате или да се сончате.

Се чува вон дофат на деца. Ако производот е проголтан, контактирајте со лекар. Земете го пакувањето на производот со вас. Избегнувајте контакт на производот со очите. Ако производот влезе во очите, веднаш исплакнете со многу вода и побарајте лекарска помош. Производот може да ги направи површините лизгави. Да се ​​чува на ладно и суво место со добра вентилација. Чувајте го во оригиналното пакување. Не замрзнувајте. Не чувајте на температура над 50°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се