4U PHARMA Виранто форте сируп, 100 мл

VIRANTO FORTE for you cold & flu syrup 100 ml sirup za deca viranto forte
4U PHARMA Виранто форте сируп, 100 мл
595,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049340C
favorite_border

Опис на производот

VIRANTO Forte е сируп кој претставува природно решение за третман на настинка и грип.

VIRANTO Forte for you е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
VIRANTO Forte for you содржи и цинк, витамин Д, бакар, витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот.

Сирупот VIRANTO FORTE  треба да се примени веднаш, во рок од 2 часа по појава на првите симптоми на настинка и грип.

Почитувани родители, Ви препорачуваме да го имате VIRANTO FORTE во Вашиот дом за да можете да го примените веднаш штом ќе се појават првите симптоми на вирусната инфекција.

Производот не е наменет за деца помали од 1 година.

  • Viranto Forte делува антивирусно така што спречува врзување на вирусот за рецепторите на клетките. На тој начин директно го блокира влегувањето на вирусот во клетката.

Доколку сепак вирусот влезе во клетката, Viranto Forte го спречува размножувањето на вирусот во клетките и негово понатамошно ширење во организмот.

- Ги смалува и ублажува симптомите на вирусна инфекција: кашлање, болка во грлото, непрооден нос, блокирани синуси, температура,
- Овозможува брзо опоравување од вирусни респираторни инфекции
- Делува на дишните патишта и го олеснува дишењето - го разредува секретот и помага во неговото исфрање
- Го забрзува оздравувањето и смалува изостанување од училиште или работно
место.
 

  • Делува и антибактериски - спречува настанување на бактериска суперинфекција и ја смалува употребата на антибиотици.

Пакување: 100 мл

ЕКСТРАКТ ОД КОРЕН НА АФРИКАНСКИ ПЕЛАРГОНИУМ (Pelargonium sidoides)

Африканскиот пеларгониум потекнува од Јужна Африка и на локален јазик значи "Добар за белите дробови". Традиционално се користи за лечење на кашлица, настинка, иритација на горните дишни патишта. Екстракт од корен на африкански пеларгониум (Pelargonium sidoides) поседува силно антивирусно делување. Докажано е дека има двојно антивирусно делување го спречува врзувањето на вирусот за клетката, но и размножувањето на вирусот и неговото ширење во организмот, доколку вирусот навлезе во клетката.
Дополнително делува и на адхезијата на одредени бактерии, со што спречува настанување на бактериска инфекција (посебно стрептококи од групата А).
Екстрактот на коренот на африкански пеларгониум може да помогне во терапијата и намалувањето на симптомите на инфекции на горните дишни патишта како што се настинката, акутен синузитис, тонзилофарингитис и акутен бронхитис.

ЕКСТРАКТ ОД ПЛОД НА ЦРН БОЗЕЛ (Sambucus nigra)

Бозелот е добро позната лековита билка уште од антички времиња која уште се вика и "лек за гради". Традиционално се користи за лечење на главоболка, забоболка, болка во градите, во комбинација со мед и лимун за лечење на кашлица, ларингитис, симптоми на грип и отежнато дишење. Сокот од плодот на бозелот е исклучително богат со флавоноиди, јаки природни антиоксиданси, како и витамини Ц и А, висока концентрација на Б витамини и селен. Сокот од плодот на црн бозел има докажан антивирусен ефект. Како и екстрактот од африкански пеларгониум и тој има докажан двоен механизам на дејство врз вирусите го спречува врзувањето на вирусот за клетката, но и размножувањето на вирусот и неговото понатамошно ширење во организмот, доколку веќе навлегол во клетката.
Дополнително, има повеќекратен ефект на дишните патишта го разредува секретот, ублажува болка и ја подобрува способноста за филтрирање на бронхите (затоа и се вика "лек за гради").
Освен ефикасноста врз вирусите поседува и антибактериско дејство на одредени стрептококи како и антиинфламаторно дејство - заедно со екстрактот од африкански пеларгониум спречува настанување на бактериски суперинфекции.

ЕКСТРАКТ ОД ШИПКА

Екстрактот од шипка е богат со витамин Ц и силни антиоксиданси: антоцијани и флавоноиди како што се бетакаротен и лутеин. Традиционално се користи при состојби на настинка и грип, при воспалителни процеси и инфекции, како и при покачена температура бидејќи го скратува времетраењето на настинката и грипот и ги ублажува симптомите.

ЕКСТРАКТ ОД ПЛОД НА АЦЕРОЛА

Содржи исклучително висока концентрација на витамин Ц, потоа витамин А, витамини од Б групата, каротеноиди и биофлавоноиди (антиоксиданси). Примената на витамин Ц при инфекции на дишните патишта го скратува времетраењето на инфекцијата и го јакне имуниот систем.

ЦИНК

Цинкот го скратува траењето на инфекциите на дишните патишта и го јакне имуниот систем. Учествува во заштита на клетките од оксидативен стрес, дејството на слободните радикали и придонесува за подобро функционирање на имуниот систем.

ВИТАМИН Д

Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

Содржина

Состав: Екстракт од корен на африкански пеларгониум, екстракт од плодовите на бозел и ацерола, екстракт од шипка, цинк, витамин Д и бакар.

Состав на активни компоненти 10 мл

*%ПДВ

(10 мл)

100 мл
Екстракт од корен на африкански пеларгониум (Pelargonium sidoides), DER 3-7:1 35,0 мг   0,35 г

Сув екстракт од плод на бозел (Sambucus nigra), DER 10:1

стандардизирано на 10% полифеноли

200,0 мг

 

20,0 мг

 

2,0 г

 

0,2 г

Екстракт од плод на ацерола (Malphigia punicifolia)

стандардизирано на 25% витамин Ц 

120.0 мг

30,0 мг

 

37,5

1,2 г

0,3 г

Екстракт од плод на шипка (Rosa canina)

стандардизирано на 70% витамин Ц

86,0 мг

60,2 мг

 

75

0,86 г

0,6 г

Цинк (cink laktat) 5,5 мг 55 55 мг
Бакар (бакар-глуконат) 0,55 мг 55  5,5 мг
Витамин Д (холекалциферол) 10 мкг 200 0,1 мг

*ПДВ - Препорачани дневни дози

Помошни супстанции: сахароза, Л-аскорбинска киселина и лимонска киселина (регулатори на киселоста), арома на јагода

Употреба: Препорачана дневна доза за деца од 1 до 3 години е 10 мл. Се препорачува употреба на сирупот 2 пати дневно по половина од дневно дефинираната доза и тоа наутро и навечер. На капачето има градуирана пластична чаша за дозирање на сирупот. Пред употреба протресете го шишето. Доколку детето е потешко од 40 кг тогаш препорачаната дневна доза е 15 мл, поделено на 2 еднакви дози, наутро и навечер.

Мерки на претпазливост: Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°С, заштитено од директна светлина. По отварање шишето да се чува во фрижидер. Да се употреби во рок од 1 месец по отварањето. Производот не треба да го употребуваат лица преосетливи на некои од состојките. Производот не е наменет за деца под 1 година. Препорачаната дневна доза на граничниот производ VIRANTO Forte for you! не смее да се надмине.
Граничниот производот VIRANTO Forte for you! не смее да се користи како замена за разновидна и избалансирана исхрана. Граничниот производ не е наменет за лекување!

Потребно е внимание при употреба на производот кај лица кои имаат дијабетес заради високата содржина на шеќер, како и кај лица кои имаат вродена или стекната склонот кон крварење. Употребувајте го производот под медицински надзор.

Ако забележите некое несакано дејство информирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се