ERBOZETA Фрутдеп имуно, 20 шишенца

Erbozeta Frutdep Imuno
ERBOZETA Фрутдеп имуно, 20 шишенца
756,00 ден.
5
Просек: 5 (2 мислења)
Бренд
Атрибути
Шифра
036830C
favorite_border

Опис на производот

Фрутдеп имуно е граничен производ наменет за одржување на нормална функција на имуниот систем.

Frutdep Immuno - еднодозни шишенца на база на бета глукан, лактоферин, ресвератрол, витамин Ц, бета каротен, витамини од Б групата и овошен сок- концентрат од јаболко, круша, манго, портокал, ананас, кајсија, боровница и бозел.

  • Витаминот Ц, витамините Б6, Б12, фолната киселина и бета каротенот придонесуваат за нормална функција на имуниот систем, исто така придонесуваат во заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Бета глуканот (полисахарид добиен од пивски квасец), лактоферинот (гликопротеин) и ресвератролот (природен фенол) е познато дека имаат способност да помагаат при биолошкиот одговор на имуниот систем

За возрасни и деца над 3 годишна возраст.

Пакување: кутија со 20 еднодозни пластични шишенца.

Производ кој е одличен за нормална функција на имунолошкиот систем за вас и вашето дете благодарение на уникатниот состав.

  • ЛАКТОФЕРИН

Лактоферин е протеин кој природно во човечкиот организам се наоѓа во колострумот или првото мајчино млеко. Има антибактериско и антивирусно дејство, а некои истражувања покажуваат и дека лактоферионот дејствува како фактор за раст на клетките и го засилува имунитетот. Особено е важен за трансферот на железото во организмот, го врзува и го пренесува до сите клетки во телото на кои им треба. Лактоферин е особено важен за деца и за лица со ослабен имунитет. Се користи во борба против различни вирусни инфекции. Има и противвоспалитело дејство. Лактоферинот го потиснува развојот на штетните бактерии и помага во развој на бифидобактериите во цревата и така допринесува за нормализација на микрофлората. Делува како заштита од инфекции, болести, алергии. Кај возрасните го потиснува синдромот на хроничен замор.

  • БЕТА ГЛУКАН - природен активатор на имунитетот

Бета глуканот е полисахарид кој поседува неверојатно својство на активација на имунолошкиот систем. Вообичаено се наоѓа во состав на квасецот и се смета за најсилен природен активатор и стимулатор на имунитетот кој може да ја зголеми делотворноста на имунитетот до неколку пати.
Истражувањата покажале дека бета глуканот во организмот ги активира клучните клетки на имунолошкиот систем - фагоцити, макрофаги, неутрофили, созинофили и НК - клетки. Бета глуканот им овозможува тие да делуваат брзо во препознавањето и уништувањето на штетните патогени микроорганизми на кои сме секојдневно изложени.
Докажано е дека бета глуканот ја зголемува имунолошката активност за 50 - 120% уште во првите 72 часа по консумирањето. Освен способноста да ја зголеми ефикасноста на имунолошките клетки, бета глуканот влијае и на бројноста на овие клетки поттикнувајќи го нивното создавање, што резултира со брз доток на нови имуноцити во крвотокот и останатите органи во телото. 

Содржина

Состав: Еден еднодозен контејнер содржи: шише со 10 мл раствор за перорална употреба и капаче со 140 мг прашок за перорална суспензија.

  Еден
еднодозен контејнер
Два еднодозни контејнери
Бета глукан 40 мг 80 мг
Витамин Ц 40 мг 80 мг
Лактоферин 25 мг 50 мг
Витамин Б3 8 мг 16 мг
Ресвератрол 5 мг 10 мг
Витамин Б5 3 мг 6 мг
Бета каротен 2,5 мг 5 мг
Витамин Б6 0,7 мг 1,4 мг
Витамин Б2 0,7 мг 1,4 мг
Витамин Б1 0,55 мг 1,10 мг
Фолна киселина 100 мкг 200 мкг
Витамин Б12 1,25 мкг 2,50 мкг

 

Состојки:

Во шишето: Раствор за перорална употреба составен од деминерализирана вода, фруктоза, концентрирани сокови од јаболко, круша, манго, портокал, ананас, кајсија, боровница, бозел; малтодекстрин, арома, конзерванс, калиум сорбат, бета каротен.   

Во капачето: Прашок за перорална суспензија составен од бета глукан (1,3-1,6) од Saccharomyces cerevisiae, витамин Ц ( аскорбинска киселина), лактоферин (млечен дериват), витамин Б3  (ниацин), јапонски троскот (Polygonum cuspidatum Siebold & Zucc.) корени и стебленца, 98% ресвератрол, антиагломерант агенс, силициум диоксид, витамин Б5 (пантотенска киселина), витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид), витамин Б2 (рибофлавин), витамин Б1 (тиамин), фолна киселина (витамин Б9), витамин Б12 (цијанокобаламин).

Производот не содржи глутен.

Производот содржи траги од млеко и млечни производи.

Употреба:

  • Возрасни: се препорачуваат 1-2 еднодозни шишенца на ден, помеѓу оброците.
  • Деца над 3 години: се препорачува 1 шишенце на ден, помеѓу оброците. Притиснете го капачето, протресете добро и испијте ја добиената суспензија.

Предупредување: Да се чува на ладно и суво место, на температура до 25°С. Да се чува на места недостапни за деца под 3 години. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не смее да се користи како замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Ако сте зеле поголема доза од FRUTDEP IMMUNO отколку што треба, веднаш посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт. Нема наведени податоци за предозирање со овој производ.

Мислења на потрошувачи

aleksandra.shu…
5
Супер производ, децата го обожаваат вкусот
TanjaD
5
ОДЛИЧЕН ИЗБОР ЗА МОИТЕ ДЕЦА :)
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се