4U PHARMA Виранто за возрасни, 20 капсули

VIRANTO Adults for you cold & flu 20 capsules kapsuli za vozrasni
4U PHARMA Виранто за возрасни, 20 капсули
375,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050911C
favorite_border

Опис на производот

Капсулите за возрасни VIRANTO Adults се природно решение против настинка и грип.

VIRANTO Adults for you е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
VIRANTO Adults for you содржи и цинк, витамин Д, бакар, витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот.

VIRANTO капсулите за возрасни најдобро е да се применат што е можно поскоро, во рок од 2 часа по појавата на првите симптоми на настинка и грип.

Препорачуваме секогаш да ги имате дома VIRANTO каспулите за возрасни за да можете да ги примените веднаш штом ќе се појават првите симптоми на вирусна инфекција.

VIRANTO Adults капсулите за возрасни се препорачуваат при кашлање, воспаление на грлото и воспаление на горниот респираторен тракт (акутен синузитис, тонзилофарингитис и акутен бронхитис).

Наменети се за деца постари од 12 години и возрасни.

  • Viranto Adults делува антивирусно така што спречува врзување на вирусот за рецепторите на клетките. На тој начин директно го блокира влегувањето на вирусот во клетката.

Доколку сепак вирусот влезе во клетката, Viranto Adults го спречува размножувањето на вирусот во клетките и негово понатамошно ширење во организмот.

- Ги смалува и ублажува симптомите на вирусна инфекција: кашлање, болка во грлото, непрооден нос, блокирани синуси, температура,
- Овозможува брзо опоравување од вирусни респираторни инфекции
- Делува на дишните патишта и го олеснува дишењето - го разредува секретот и помага во неговото исфрање
- Го забрзува оздравувањето и смалува изостанување од училиште или работно
место.
 

  • Делува и антибактериски - спречува настанување на бактериска суперинфекција и ја смалува употребата на антибиотици.

Пакување: 20 капсули

ЕКСТРАКТ ОД КОРЕН НА АФРИКАНСКИ ПЕЛАРГОНИУМ (Pelargonium sidoides)

Африканскиот пеларгониум потекнува од Јужна Африка и на локален јазик значи "Добар за белите дробови". Традиционално се користи за лечење на кашлица, настинка, иритација на горните дишни патишта. Екстракт од корен на африкански пеларгониум (Pelargonium sidoides) поседува силно антивирусно делување. Докажано е дека има двојно антивирусно делување го спречува врзувањето на вирусот за клетката, но и размножувањето на вирусот и неговото ширење во организмот, доколку вирусот навлезе во клетката.
Дополнително делува и на адхезијата на одредени бактерии, со што спречува настанување на бактериска инфекција (посебно стрептококи од групата А).
Екстрактот на коренот на африкански пеларгониум може да помогне во терапијата и намалувањето на симптомите на инфекции на горните дишни патишта како што се настинката, акутен синузитис, тонзилофарингитис и акутен бронхитис.

ЕКСТРАКТ ОД ПЛОД НА ЦРН БОЗЕЛ (Sambucus nigra)

Бозелот е добро позната лековита билка уште од антички времиња која уште се вика и "лек за гради". Традиционално се користи за лечење на главоболка, забоболка, болка во градите, во комбинација со мед и лимун за лечење на кашлица, ларингитис, симптоми на грип и отежнато дишење. Сокот од плодот на бозелот е исклучително богат со флавоноиди, јаки природни антиоксиданси, како и витамини Ц и А, висока концентрација на Б витамини и селен. Сокот од плодот на црн бозел има докажан антивирусен ефект. Како и екстрактот од африкански пеларгониум и тој има докажан двоен механизам на дејство врз вирусите го спречува врзувањето на вирусот за клетката, но и размножувањето на вирусот и неговото понатамошно ширење во организмот, доколку веќе навлегол во клетката.
Дополнително, има повеќекратен ефект на дишните патишта го разредува секретот, ублажува болка и ја подобрува способноста за филтрирање на бронхите (затоа и се вика "лек за гради").
Освен ефикасноста врз вирусите поседува и антибактериско дејство на одредени стрептококи како и антиинфламаторно дејство - заедно со екстрактот од африкански пеларгониум спречува настанување на бактериски суперинфекции.

ЕКСТРАКТ ОД ШИПКА

Екстрактот од шипка е богат со витамин Ц и силни антиоксиданси: антоцијани и флавоноиди како што се бетакаротен и лутеин. Традиционално се користи при состојби на настинка и грип, при воспалителни процеси и инфекции, како и при покачена температура бидејќи го скратува времетраењето на настинката и грипот и ги ублажува симптомите.

ЕКСТРАКТ ОД ПЛОД НА АЦЕРОЛА

Содржи исклучително висока концентрација на витамин Ц, потоа витамин А, витамини од Б групата, каротеноиди и биофлавоноиди (антиоксиданси). Примената на витамин Ц при инфекции на дишните патишта го скратува времетраењето на инфекцијата и го јакне имуниот систем.

ЦИНК

Цинкот го скратува траењето на инфекциите на дишните патишта и го јакне имуниот систем. Учествува во заштита на клетките од оксидативен стрес, дејството на слободните радикали и придонесува за подобро функционирање на имуниот систем.

ВИТАМИН Д

Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

Содржина

Состав: Екстракт од корен на африкански пеларгониум, екстракт од плодовите на бозел и ацерола, екстракт од шипка, цинк, витамин Д и бакар.

Состав на активни компоненти 2 капсули

*%ПДВ

(2 капсули)

100 г
Екстракт од корен на африкански пеларгониум (Pelargonium sidoides), DER 3-7:1 70 мг   6,13 г

Сув екстракт од плод на бозел (Sambucus nigra), DER 10:1

стандардизирано на 10% полифеноли

380 мг

 

38 мг

 

33,28 г

 

3,33 г

Екстракт од плод на ацерола (Malphigia punicifolia)

стандардизирано на 25% витамин Ц 

200 мг

 

50 мг

 

62,5

17,51 г

4,38 г

Екстракт од плод на шипка (Rosa canina)

стандардизирано на 70% витамин Ц

143 мг

100 мг

 

125

12,52 г

8,77 г

Цинк (цинк-глуконат) 15 мг 150 1,31 г
Бакар (бакар-глуконат) 1,5 мг 150  130 мг
Витамин Д (холекалциферол) 10 мкг 200 0,88 мг

*ПДВ - Препорачани дневни дози

Помошни супстанции: магнезиум стеарат (средство против згрутчување), желатин и титан-диоксид (боја)

Употреба: Деца постари од 12 години: 1 капсула дневно. Возрасни: 2 капсули дневно. Пред употреба да се прочита упатството за употреба.

Мерки на претпазливост: Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°С, заштитено од директна светлина. Производот не треба да го употребуваат лица преосетливи на некои од состојките. Производот не е наменет за деца под 12 години. Препорачаната дневна доза на граничниот производ VIRANTO Adults for you! не смее да се надмине.
Граничниот производот VIRANTO Adults for you! не смее да се користи како замена за разновидна и избалансирана исхрана. Граничниот производ не е наменет за лекување!

Производите со пеларгониум не се препорачуваат на лица кои примаат антиколгулантна терапија и лица кои планираат хируршка интервенција. При употреба на производи со пеларгониум потребно е внимание кај лица со заболување на црниот дроб, псоријаза, ревматоиден артитис, лупус и автоимуни воспаленија. употребувајте го производот под
медицински надзор.

Ако забележите некое несакано дејство информирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се