APTAMIL 1 Cesar Biotik, 800 г

Aptamil Cesar Biotik 1 formula za doencinja mleko adaptirano
APTAMIL 1 Cesar Biotik, 800 г
1.319,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054798C
favorite_border

Опис на производот

  • Почетна формула за доенче
  • од раѓање до 6 месеци
  • 50 години истражување на мајчиното млеко
  • Соодветно и за бебиња родени со царски рез
  • Нутритивно комплетна формула
  • ДХА (Омега-3)*
  • Без додадено палмино масло

*Содржи ДХА според барањата на законодавството за сите почетни формули.

ПАКУВАЊЕ ДИЗАЈНИРАНО ЗА ВАС

  • Двојна сигурносна лента - за да сте сигурни дека Вашата формула не е отварана и дека ќе ја задржи свежината
  • Клик при затварање - за дополнителна заштита од контаминација и растурање
  • Дизајнирано за држење во една рака - кога бебето е во другата
  • Порамнувач за дозерка - за да ја дадете вистинската доза
  • Место за ставање на дозерката - за дозерката и Вашите раце да не бидат во правот

Пакување: 800 г

Содржина

Упатство за употреба:

Aptamil® Cesar Biotic Почетна формула за доенче од раѓање до 6 месеци.

Наведената табела е општа, на Вашето дете може да му треба помало или поголемо количество на формула од прикажаното.

Важно: Секогаш користете ја дозерката од пакувањето. Имајте во предвид дека одвреме на време можеби ќе ја смениме бојата на дозерката.

Возраст на доенчето Просечна тежина (кг) Оброци во тек на 24 часа Вода (мл) Рамни дозерки
0-14 дена 2,5-3 7 60 2
2-8 недели 3-3,5 6 90 3
2 месеци 3,5-4 5 120 4
3 месеци 4-5 5 150 5
4 месеци 5-6 5 180 6
5 месеци 6-7 5 210 7
Од 6 месеци натаму >7 4 210 7

Стандардно дозирање: 100 мл Аптамил® 1 Cesar Biotic  = 90 мл вода на 40℃ (пожелно) +3 рамни дозерки = 277 kj (66 kcal) 1 рамна дозерка = 4.6г. Користете ја исклучиво приложената дозерка. Не правете ја формулата послаба или појака од препорачаното. 

Подготовка на оброкот за Вашето бебе:

  1. Секогаш измијте ги рацете и целиот прибор што ќе го користите за подготовка на оброкот. Стерилизирајте го целиот прибор според упатството на производителот
  2. Превријте чиста вода за пиење и оставете да се олади до 40℃. Видете ја табелата за подготовка на оброкот, сипете точно количество на претходно превриена млака вода во стерилизирано шише
  3. Користејќи ја приложената дозерка израмнете го правот со вградениот израмнувач. Не ставајте премногу од правот и не го притискајте
  4. Додадете точен број на рамни дозерки на прав од Aptamil® 1 Cesar Biotic во водата. Видете во табелата од упатството за употреба на пакувањето
  5. Затворете го шишето и добро промешајте додека правот сосема не се раствори
  6. Разладете под вода од чешма. Проверете ја температурата на оброкот (37℃). Користете го оброкот веднаш по подготовката и секогаш во рок од 1 час
  7. Исчистете го целиот прибор веднаш по употребата. Никогаш немојте повторно да ги користите остатоците од оброкот. Чувајте го пакувањето цврсто затворено на ладно (<25℃), суво место, не во фрижидер. Употребете ја содржината на пакувањето во тек на 1 месец по отварањето

Совет за складирање и хранење:

  • Неправилна подготовка, употреба или чување може да му наштетеи на здравјето на вашето дете
  • Од хигиенски причини, не ги чувајте веќе направените оброци, фрлете ги остатоците од оброкот во рок од 1 час од подготовката
  • Не ја зовривајте формулата и не користете микробранова печка за подготовка или подгревање на формулата. Загревањето може да ги ограничи придобивките од Bifidibacterium Breve M-16 V
  • Не складирајте во фрижидер.
  • Чувајте го производот на ладно и суво место.
  • Искористете ја содржината на пакувањето во рок од 1 месец од отварањето.

Важна напомена: Доењето е најдобро за бебињата.

Овој производ  е соодветен за доенчиња од раѓање до 6 месечна возраст и самиот ги задоволува нутритивните потреби на тие доенчиња, кога не се дојат или додека не почнат да користат соодветна дохрана.

Доењето (без употреба на вода и друга храна) е најдобра исхрана за доенчињата до 6 месечна возраст. Одлуката на мајката да не дои е штетна по здравјето на бебето, а веќе донесената одлука потоа е тешко да се смени. Ниедна храна вкучувајќи ги и специјално формулираните производи, не може да ги обезбеди сите состојки од мајчиното млеко, кои може содветно да се обезбедат само со доење. Овој производ  може да се користи само по совет на здравствени работници кои се квалификувани да се грижат за здравјето на доенчето и кои се независни од производителите на храна за доенчиња и мали деца. Доењето заедо со друг вид на храна треба да  продолжи и после наполнети 6 месеци до крајот на втората година од возраста на детето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се