HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од раѓање, од козјо млеко, 400 г

Holle Organic 1 First Infant Goat Milk Organska pocetna formula za doencinja od raǵanje, od kozjo mleko
HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од раѓање, од козјо млеко, 400 г
1.049,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048710C
favorite_border

Опис на производот

Holle Organic 1 First Infant Goat Milk Органска почетна формула за доенчиња од раѓање, од козјо млеко

  • Од раѓање
  • Сертифициран органски производ
  • Со Demeter квалитет
  • Со ДХА (омега-3)
  • Само лактоза
  • Со млеко од биодинамично производство
  • Без палмино масло
  • Козјото млеко природно содржи А2 протеин

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците. Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе. 

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки: полномасно козјо млеко **1 лактоза*, полномасно козјо млеко во прав**1, растителни масла* (сончогледово масло* и масло од семе од репка*), калциум карбонат, холин хидроген тартрат, масло од микроалга Schizochytrium sp.2, масло од Mortierella Alpina, натриум цитрат, калиум цитрат, Л-тирозин, калиумови соли од ортофосфорна киселина, витамин Ц, Л-триптофан, Л-цистин, железо сулфат, цинк сулфат, магнезиум карбонат, пантотенска киселина, ниацин, бакар сулфат, витамин Е, витамин А, витамин Б1, витамин Б6, манган сулфат, фолна киселина, натриум селенит, витамин К, калиум јодит, биотин, витамин Д, витамин Б12.

*состојки од органско производство.

** Demeter (од биодинамичко производство)

  • 1* - 100 г прашок се направени од 317 мл полномасно млеко
  • 2* - содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите почетни формули за доенчиња)

Козјото млеко природно содржи А2 протеин.

Козјото млеко природно содржи протеин А2. ДХА во овој производ е од растителна основа (добиен од алги наместо од рибино масло)

Изјава во однос на алергии: производот содржи млеко и лактоза. 

Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): eнергетска вредност 284 кJ/ 68 kcal, масти 3.4 г (заситени 1.2 г,  мононезаситени 1.5 г, полинезаситени 0.6 г, линолна киселина 522 мг, алфа линоленска киселина 44 мг, ДХА 15 мг, АРА 15 мг), јаглени хидрати 8.0 г (шеќери 8.0 г, лактоза 8.0 г), белковини 1.4 г, витамин А 54.8 мкг, витамин Д3 1.5 мкг, витамин Е 0.81 мг, витамин К 5.1 мкг, витамин Ц 6.1 мг, витамин Б1 0.035 мг, витамин Б2 0.12 мг, ниацин 0.35 мг, витамин Б6 0.030 мг, фолна киселина 10.1 мкг, фолати 16.9 мкг ДФЕ, витамин Б12 0.11 мкг, биотин 1.9 мкг, пантотенска киселина 0.35 мг, калиум 82.2  мг, хлориди 62.8 мг, калциум 72.2 мг, фосфор 42.5 мг, магнезиум 5.81 мг, железо 0.54 мг, цинк 0.45 мг, бакар 0.055 мг, манган 0.0066 мг, флуориди  <0.010 мг, селен 4.3 мкг, јод 13.5 мкг, натриум 23 мг, холин 22 мг, иноситол 3.4 мг, Л-карнитин 1.1 мг.

Употреба: 

  • Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата од денот на раѓање доколку тие не се дојат или за надополнување на доењето
  • Лесно прифатено од доенчињата при промена од друга почетна формула

Подготовка: До самата употреба чувајте ги шишињата и капачињата покриени. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Посебно подготвувајте го секое шишенце.  Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба. 

  • Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
  • Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
  • Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
  • Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
  • Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка
  • Темелно исчистете го шишето, цуцлата и прстенот

Вообичаена подготовка:

13.5 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.

Пакувањето содржи приближно 30 оброка од по 100 мл.

Важна напомена: 

  • Мајчиното млеко претставува најприродна, најдобра прехрана за Вашето бебе. Holle го препорачува доењето. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Покрај тоа контактот помеѓу мајката и детето за време на доењето создава чувство на хармонија и удобност. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната
  • За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња

После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на до 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се