APTAMIL 2 Pronutra, 800 г

APTAMIL 2 Pronutra, 800 г
1.229,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
011612C
favorite_border

Опис на производот

  • Последователна формула за доенче
  • Диететски производ
  • 6-12 месеци
  • 50 години истражување на мајчиното млеко
  • Нутритивни влакна (ГОС/ФОС и олигосахарид на мајчино млеко)
  • Витамини Ц и Д*
  • Омега-3 и Омега-6
  • Без додадено палмино масло
  • *Според  барањата на законодавството за сите последователни формули.

ПАКУВАЊЕ ДИЗАЈНИРАНО ЗА ВАС

  • Двојна сигурносна лента - за да сте сигурни дека Вашата формула не е отварана и дека ќе ја задржи свежината
  • Клик при затварање - за дополнителна заштита од контаминација и растурање
  • Дизајнирано за држење во една рака - кога бебето е во другата
  • Порамнувач за дозерка - за да ја дадете вистинската доза
  • Место за ставање на дозерката - за дозерката и Вашите раце да не бидат во правот

Пакување: 800 г

Содржина

Состојки:

Лактоза (од кравјо млеко), растителни масла (високоолеинско сончогледово масло, кокосово масло, масло од маслодајна репка, сончогледово масло), обезмастено кравјо млеко,  деминерализирана сурутка (од кравјо млеко), галактоолигосахариди (од кравјо млеко), концентрат од сурутка (од кравјо млеко), фруктоолигосахариди, три калциум фосфат, рибино масло, протеин на сурутка (од кравјо млеко), калиум хлорид, калиум цитрат, магнезиум хидроген фосфат, масло од Мортиерела Алпина, натриум цитрат, калциум карбонат, соја лецитин (емулгатор), натриум хлорид, Л-аскорбинска киселина, натриум Л-аскорбат, инозитол, Л-триптофан, магнезиум хлорид, железо два сулфат, цинк сулфат, Л-карнитин, ДЛ-алфа токоферил ацетат, Л-аскорбил палмитат (антиоксиданс), калциум Д-пантотенат, никотинамид, бакар два сулфат, тиамин хидрохлорид, ретинил палмитат, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид, фолна киселина, калиум јодид, манган два сулфат, натриум селенит, фитоменадион, холекалциферол, Д-биотин, цијанокобаламин.
Алергени: млеко, риба и соја.

 

Упатство за употреба:

Aptamil® Последователна формула за доенче од 6 месеци.

Наведената табела  е општа, на Вашето дете може да му треба помало или поголемо количество на формула од прикажаното.

Важно: Секогаш користете ја дозерката од пакувањето. Имајте во предвид дека одвреме на време можеби ќе ја смениме бојата на дозерката.

Возраст на доенчето Приближна тежина во кг Број на оброци во тек на 24 часа Количество на вода (мл) Број на рамни дозерки
6-12 месеци 6-11 3 182 6
Од 12 месеци натаму >10 2 210 7

Стандардно дозирање: 100 мл Aptamil® 2 Pronutra®  = 90 мл вода на 40℃ (пожелно) +3 рамни дозерки = 285kj (68 kcal). 1 рамна дозерка = 4,8г. Користете ја исклучиво приложената дозерка. Не правете ја формулата послаба или појака од препорачаното. Доколку оброкот не го приготвувате според упатството ризикувате да го нарушите здравјето на детето.

Како да се користи ова пакување:

За да го отворите, отстранете ја сигурносната лента од работ на капакот.

Во самото пакување има вграден порамнувач за дозерката.

Сместете ја дозерката на соодветното место на капакот, за сигурност и безбедност.

Затворете со притискање на капакот сé додека не “кликне“, за да се зачува свежината на правот.

Подготовка на оброкот за Вашето бебе:

  1. Секогаш измијте ги рацете и целиот прибор што ќе го користите за подготовка на оброкот. Стерилизирајте го целиот прибор во вода што врие  во тек на 10 минути
  2. Превријте чиста вода за пиење и оставете да се олади до 40℃. Видете ја табелата за подготовка на оброкот, сипете точно количество на претходно превриена млака вода во стерилизирано шише
  3. Користејќи ја приложената дозерка израмнете го правот со вградениот израмнувач. Не ставајте премногу од правот и не го притискајте
  4. Додадете точен број на рамни дозерки на прав од Aptamil® 2 Pronutra® во водата. Видете во табелата од упатството за употреба на пакувањето
  5. Разладете под вода од чешма. Проверете ја температурата на оброкот (37℃). Користете го оброкот веднаш по подготовката и секогаш во рок од 1 час
  6. Исчистете го целиот прибор веднаш по употребата. Никогаш немојте повторно да ги користите остатоците од оброкот. Чувајте го пакувањето цврсто затворено на ладно (<25℃), суво место, не во фрижидер. Употребете ја содржината на пакувањето во тек на 3 недели по отварањето

Совет за складирање и хранење:

Од хигиенски причини, не ги чувајте веќе направените оброци, фрлете ги остатоците од оброкот во рок од 1 час.

  • Не ги загревајте оброците во микробранова печка, одредени делови може да се прегрејат и да предизвикаат изгореници.
  • Не складирајте во фрижидер.
  • Чувајте го правот на ладно и суво место.
  • Искористете го правот во рок од 3 недели од отварањето.

Важна напомена: Доењето е најдобро за бебињата.

Aptamil® 2 е соодветен за посебна нутритивна намена за доенчиња постари од 6 месеци. Доењето е најдобро за Вашето доенче. Доењето треба да се продолжи и после наполнети 6 месеци до крајот на втората година од возраста на детето. Покрај мајчиното млеко, постепено треба да се воведуваат намирници кои вообичаено се користат во семејната исхрана.

Воведувањето на секоја намирница во исхраната на доенчето постаро од 6 месеци треба да биде препорачано од здравствен работник кој е квалификуван да се грижи за здравјето на доенчето и малото дете и  кој е независен од производителите на храна за доенчиња и мали деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се