BECUTAN Инстант чај од сладок анасон за доенчиња и мали деца, 50 кесички

Alkaloid Becutan Instant Sweet Fennel Tea instant caj od sladok anason
BECUTAN Инстант чај од сладок анасон за доенчиња и мали деца, 50 кесички
322,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
023168C
favorite_border

Опис на производот

Инстант чајот Becutan со сладок анасон е додаток на исхраната, мешавина на екстракт и на етерично масло од плодот на слаткиот анасон и лесно сварливите шеќери, сосема безбедни за консумирање веднаш по првата недела од раѓањето.

Производот не содржи:

  • Вештачки бои
  • Ароми
  • Конзерванси
  • Млечни протеини
  • Глутен

Слаткиот анасон, кој се користи за приготвување на чаевите Becutan, има карактеристично сладок вкус, кој се разликува од вкусовите на другите видови анасон. 

Пакување: 50x5 г.

Содржина

Состав: 100 г инстант чај содржи 0.05 г етерично масло од сладок анасон (Foeniculi aetheroleum) и екстракт од 16 г плод од сладок анасон (Foeniculum vulgare var. dulce Mill.), 36 г глукоза и 59 г сахароза.

Употреба:

  • Доенчиња: 5 г (1 кесичка) инстант чај се раствораат во 100 мл свежо зовриена млака вода или во млеко.
  • Мали деца: 5-10 г (1-2 кесиќки) инстант чај се раствораат во 100-200 мл млака вода или во млеко.

Се препорачува секогаш да се користи свежо приготвен чај, изладен на телесна темепература без додаток на шеќер.

Дневна препорачана доза: 2 пати на ден по 50 до 100 мл свежо приготвен чај, најмалку половина час пред доење или пред оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Препораки за родители: Becutan инстант чајот од сладок анасон содржи јаглехидрати (шеќери) и потребно е негово контролирано користење заради избегнување на создавање на кариес.

Да се чува на суво место и на температура до 25ºC. Да се чува на места подалеку од дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се