GOOD NATURE Чај од бозел, 20 кесички

Alkaloid Good Nature Elderflower (Sambuci Flos) Tea caj od bozel
GOOD NATURE Чај од бозел, 20 кесички
66,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055850C
favorite_border

Опис на производот

GOOD NATURE Чај од бозел.

Бозелот е грмушка или мало дрво, високо од 2-6 м. Цветовите имаат својствен, многу пријатен мирис, а вкусот најпрво е слузаво-сладок, а потоа малку лут и горчлив. Плодовите се ситни, сочни бобинки кои кога ќе созреат имаат темновиолетова боја и се исполнети со сок. 

Бозелот цвета од мај до јули. Цветните китки од бозелот се берат по убаво и суво време, веднаш по отворањето на цветовите.

Цветот од бозел е богат со голем број на флавоноидни компоненти, главно хетерозиди, значително висока содржина на калиумови соли, а во помала количина содржи и етерично масло, слузи, танини, фитостероли и витамин Ц.

Чајот од бозел содржи ситни цветови од бозел, собрани од скриените ливади во планините. Чајот е исклучително карактеристичен по својот незаменлив вкус на слатко овошје и мед, што потсетува на ванила со лимон. 

Како најдобро да го доживеете чајот? Иако е погоден за сите сезони, најдобар е за прилики кога ви е потребна топлина, нешто што ќе ве загрее во студените зимски денови. За време на летниот период се препорачува да се пие оладен и делува изнедувачки освежително.

Нето-тежина: 20 х 2 г.

 

Содржина

Состојки: цвет од бозел 100%.

Приготвување: 1 филтер кесичка се прелева со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 10 минути. Готовиот чај се засладува по желба.

Да се чува на суво и темно место.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се