PJ PHARMA Caregyn, 10 вагинални таблети

Farmaimpresa Caregyn ovili karegin
PJ PHARMA Caregyn, 10 вагинални таблети
609,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
055982C
favorite_border

Опис на производот

Farmaimpresa Caregyn вагинални таблети претставуваат медицинско средство.

  • Помага во одржување на норалната природната одбрана на вагината и ја олеснува обновата на вагиналната флора
  • Производот е наменет за превенција и третман на вагинална сувост и габични инфекции, како и за состојби на иритација, печење и чешање

Содржи хијалуронска, борна и млечна киселина кои придонесуваат во елиминација на симптомите кои се јавуваат како резултат на дисбаланс во хидратацијата и/или вагиналната pH

  • Хијауронската киселина во форма на натриумова сол (10 мг/ вагинална табета) има хидратантно и лубрификантно дејство при вагинална сувост и придонесува за обнова на вагиналната слузница
  • Млечната киселина нормално е присутна во вагината и придонесува за нормалнизирање на вредностите на pH и го олеснува процесот на обнова н деликатната вулво-вагинална микрофлора
  • Благодарение на присуството на борната киселина се овозможува одржување на ниски врендости на pH во тек на подолг временски период

Пакување: 10 вагинални таблети.

Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија. 

Содржина

Состав: една вагинална таблета содржи: борна киселина, натриумова сол на хијалуронска киселина, поликарбофил, млечна киселина, токоферил ацетат, витамин А, 18-бета глицеризинска киселина, масло од чајно дрво, полу ситетички триглицериди, фосфатидил холин. 

Дозирање: 1 вагинална таблета на ден, најдобро пред спиење, во тек на 5-7 дена, по завршување на циклусот или по препорака на лекар. 

Начин на употреба: 

  1. Измијте ја темелно интимната регија (најдобро надворешно и внатрешно туширање)
  2. Отворете ја кутијата. Измијте ги рацете темелно и извадете една вагинална таблета од блистерот
  3. Нежно внесете ја вагиналната таблета во вагината, што е можно подлабоко. Пожелно е постапката да ја изведете во лежечка состојба за да спречите случајно истекување на вагиналната таблета

Предупредување: Да се чува на места недостапни за деца. Да не се голта. Да не се користи ако е оштетено пакувањето. Да не се користи по истек на рокот на употреба. Рокот на употреба се однесува на неотворено и соодветно чувано пакување. Немојте да го користите производот доколку имате повреда на вагината или присуство на вагинални рани. Да не се користи во тек на менстуален циклус. Да не се надминува препорачаната дневна доза, без консулатација на лекар. При употреба на производот, посебно долготрајна употреба, може да дојде до појава на пречувствителност. Ако дојде до појава на пречувствителност прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар заради ординирање на соодветна терапија. Важно е да го информирате вашиот лекар или фармацевт за појава на секое несакано дејство кои не е наведено во упатството. Немојте да го корисите производот во тек на повеќе од 30 последователни дена. 

Употребата на производот за време на бременост и доење и употребата кај деца, треба да биде ограничена само по строга препорака и под директен надзор на лекар. Во случаи на интактен химен, пред употреба консултирајте се со вашиот гиниколог за специфичните услови за употреба. Производот е наменет за еднократна употреба. Доколку при употребата вагиналната таблета случајно ви испадне од вагината, немојте повторно да ја користите. 

Да се чува во добро затворено пакување, на суво место, на температура од 5-25°С, заштитено од светлина и извори на топлина.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се