PJ PHARMA Ginox, 10 вагинални таблети

Farmaimpresa Ginox vaginalni ovuli, tableti
PJ PHARMA Ginox, 10 вагинални таблети
609,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
056192C
favorite_border

Опис на производот

GINOX вагинална таблета претставува медицинско средство, кое помага во одржување на нормалната природна одбрана на вагината и ја олеснува обновата на вагиналната флора, придонесува во елиминација на симптомите кои се јавуваат како резултат на дисбаланс во хидратацијата и/или вагиналната pH.

Индикации: производот е наменет за превенција и третман на вагинална сувост, габични инфекции (како кандида), како и за состојби на иритација, печење и чешање.

Пакување: 10 вагинални таблети x 2г (блистер 2 x 5)/кутија.  

Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија.

Содржина

Состав: една вагинална таблета содржи: карбомид пероксид, млечна киселина, борна киселина, 18-бета глицеризинска киселина, поликарбофил, полу синтетички триглицериди. 

Дозирање: 1 вагинална таблета на ден, најдобро пред спиење, во тек на 5-7 дена, по завршување на циклусот или по препорака на лекар. 

Начин на употреба: 

  1. Измијте ја темелно интимната регија (најдобро надворешно и внатрешно туширање)
  2. Отворете ја кутијата. Измијте ги рацете темелно и извадете една вагинална таблета од блистерот
  3. Нежно внесете ја вагиналната таблета во вагината, што е можно подлабоко. Пожело е постапката да ја изведете во лежечка состојба за да спречите случајно истекување на вагиналната таблета

Начин на чување: Да се чува во добро затворено пакување, на суво место, на температура од 5-25°С, заштитено од светлина и извори на топлина.

Предупредување: Да се чува на места недостапни за деца. Да не се голта. Да не се користи ако е оштетено пакувањето. Да не се користи по истек на рокот на употреба. Рокот на употреба се однесува на неотворено и соодветно чувано пакување. Немојте да го користите производот доколку имате повреда на вагината или присуство на вагинални рани. Да не се користи во тек на менстуален циклус. Да не се надминува препорачаната дневна доза, без консулатација на лекар. При употреба на производот, посебно долготрајна употреба, може да дојде до појава на пречувствителност. Ако дојде до појава на пречувствителност прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар заради ординирање на соодветна терапија. Важно е да го информирате вашиот лекар или фармацевт за појава на секое несакано дејтво кои не е наведено во упатството. Немојте да го корисите производот во тек на повеќе од 30 последователни дена. 

Мерки на претпазливост: употребата на производот за време на бременост и доење и употребата кај деца, треба да биде ограничена само по строга препорака и под директен надзор на лекар. Во случаи на интактен химен, пред употреба консултирајте се со вашиот гиниколог за специфичните услови за употреба. Производот е наменет за еднократна употреба. Доколку при употребата вагиналната таблета случајно ви испадне од вагината, немојте повторно да ја користите. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се