POLSKI LEK Plusssz Јуниор електролитен комплекс 3+, 20 шумливи таблети
Опис на производот
Plusssz Junior Elektrolity Complex 3+ е производ во форма на шумливи таблети.
По растворање на шумливата таблета се добива 100% електролитен раствор со вкус на портокал (содржи овошен сок од портокал во прав), наменет за хидратација на организмот, кај деца над 3 години и возрасни.
- Растворите за хидратација се производи кои во својот состав содржат глукоза, калиум и натриум во соодветна концентрација
Електролитен раствор е раствор кој има ниска осмоларност. Соодветниот сооднос на глукоза и јони влијае на правилната апсорпција на вода во цревата и на тој начин во организмот се одржува рамнотежа на водата и минералните супстанции.
Plusssz Junior Elektrolity Complex 3+ се препорачува за употреба при различни состојби на нарушување на електролитниот баланс, пролив и повраќање и кај возрасни при зголемено потење при интензивна физичка активност, спортски активности или топло време
Пакување: 20 шумливи таблети
Содржина
Состав: 4 шумливи таблети содржат:
%ПДВ* | ||
Тиамин | 1.1 мг | 100 |
Ниацин | 16 мг | 100 |
Витамин Б6 | 1.4 мг | 100 |
Биотин | 50 мкг | 100 |
Витамин Б12 | 2.5 мкг | 100 |
Магнезиум | 240 мг | 64 |
Калиум | 400 мг | 20 |
Натриум | 580 мг | / |
Глукоза | 3.000 мг | / |
*препорачано дневно внесување
Состојки: регулатор на киселини: лимонска киселина, глукоза, магнезиум лактат, сода бикарбона, средство за зголемување на волуменот: сорбитол, калиум цитрат, средства против стврднување: поливинилпиролидон, полиетилен гликол, арома, витамини (никотинамид, пиридоксин хидрохлорид, тиамин мононитрат, Д-биотин, цијанокобаламин), екстракт од сок на цвекло во прав, боја: каротин, засладувачи: циклами, сахарини, сок од портокал во прав - 0,1%.
Немојте да го употребувате производот во случај на пречувствителност на било која од состојките во состав на производот.
Производот може да содржи лактоза (од млеко).
Производот содржи шеќер и засладувачи.
Употреба:
Растворете една шумлива таблета во 1/2 чаша (125 мл) ладна вода.
Се препорачуваат по четири (4) шумливи таблети на ден.