Пролет време на алергии
Превенција
- Одбегнувајте одење во природа за време на сончев и ветровит ден;
- После секое доаѓање во домот, мијте ги рацете;
- За време на пикот на алергии, често мијте ја косата и туширајте се;
- Престојувајте во затворени и климатизирани простории;
- Еднаш во неделата менувајте ја постелнината и перете ја на високи температури;
Лекување
Алергијата не се лекува, но постојат лекови кои ги ублажуваат симптомите и го олеснуваат животот на оние кои се подложни.
Најчесто се користат лекови од групата антихистаминици, деконгестиви, кортикостероиди и сл.
Лековите се разликуваат по долготрајноста на дејството и интензитетот, групата на кои алергии делуваат, како и по несаканите дејства.
Неопходно е терапијата редовно да се користи за време на целата сезона, а најдобри ефекти има доколку се започне две недели пред почетокот на сезоната.