МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Услови за користење

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕГИН Е-ШОП

Веб-страната на ЗЕГИН може да се користи без никакви надоместоци за користењето, а во согласност со овде наведените услови и правила. Со користењето на интернет продавницaтa на zegin.com.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.

Услови

Условите за купување на производи преку интернет продавницaтa на Зегин се дефинирани со следниве параметри: нарачка, подготовка, испорака, плаќање, рекламација. Испорачателот на производите е Zegin Healthy Food Маџари Подружница Е-трговија кoj преку своjaтa интернет продавницa овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда. Kупувач се смета секоe правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нaрача производи.

Сите цени се изразени во македонската национална валута (денари) со вклучен ДДВ.

Нарачка

Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе одбере, нарача и го изврши плаќањето. Зегин се обврзува да ги испорача сите нарачани производи кои за време на испораката ги има во магацин. Доколку не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по можност да го замени производот со друг соодветен, со негова согласност.

Цени

Цените важат на денот на нарачката и истите се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Подготовка на нарачката

Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани. Купувачот е должен при преземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорност по однос на рекламација за испорака на производите.

Плаќање

Купувачот се обврзува да ја плати сумата за испорачаните производи преку следниов начин на плаќање:

- со платежни картички по електронски пат

При спроведување на нарачките, кога ќе ги внесете Вашите лични податоци, авторизацискиот процес на виртуелниот ПОС терминал се префрла на портал на процесинг центарот на НЛБ Банка, каде Вие ги внесувате потребните податоци за картичката: име и презиме на корисникот на картичката, број на картичката, сигурносен код и дата на истекување на картичката, со цел спроведување на авторизирање на трансакцијата. Овие податоци ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (НЛБ Тутунска Банка), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.