МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Зегин онлајн повторно се закити со награда за најпопуларна е-продавница за 2022 година

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и оваа година се одржаа Ecommerce Awards - награди за избор на најдобрите во македонската е-трговија.

И оваа година компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои третото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

e-commerce

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
Онлајн продавницата на Зегин - www.zegin.com.mk функционира две години, а доказ за успешноста е токму оваа награда, втора по ред, која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина.

e-commerce

Во тој контекст, по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат и веќе се достапни во сечиј дом на територијата на целата држава, за уште подобро, полесно и подостапно купувачко доживување.