SYNERGY Витамин К 80 мкг, 60 таблети
Опис на производот
- Повеќе здравје за коските и крвните садови
Витамин К се нарекува и антихеморагичен витамин и фактор на долговечноста.
Витамин К2 (менаквинон) е природен облик на витамин К кој го синтетизираат бактериите.
Витаминот К2 е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и неговото потполно вградување во коските. Витаминот К2 спречува создавање на калцификати во крвните садови, ‘рскавицата и меките ткива, кои во најголема мера настануваат кај лица кои континуирано примаат суплементи со калциум и витамин Д3.
Познато е дека калциумот и витаминот Д3 се неопходни за превенција и третман на остеопорозата. Истражувањата покажале дека по навлегувањето во крвта, калциумот преку циркулацијата доаѓа до коските, а за да тие му ја отворат „вратата“, неопходно е потребен витамин К2.
Во отсуство на витамин K2, калциумот нема да се вгради во коските во потребната количина независно од внесената количина на калциум. Оваа појава се вика „калциум парадокс“, а последица од оваа појава се нееластични крвни садови, кои се наклонети кон прскање и порозни коски, кои лесно се кршат.
Витаминот K2 има способност да го активира остеокалцинот, протеин кој го транспортира калциумот и го вградува во коските. K2 витаминот го поттикнува и матрикс-гла протеинот, кој како сунѓер го впива вишокот на калциумот во циркулацијата и го елиминира од организмот. Во оваа врзана форма, калциумот не се таложи во бубрезите.
Ако овие витамини не се „потпомогнати“ од витаминот K2, тие нема да го врзуваат калциумот и нема да го транспортираат. Затоа велиме дека витамин К2 е неопходен во одржување на здравјето на коските, но и на крвните садови.
Пакување: 60 капсули
Содржина
Состав: една таблета витамин K2 содржи 80 мкг витамин К2 што всушност представува препорачан дневен внес за овој витамин.