BIOGAIA Protectis Пробиотски капки со витамин Д, 5 мл

BIOGAIA Protectis with vitamin D probiotski kapki so vitamin D
BIOGAIA Protectis Пробиотски капки со витамин Д, 5 мл
908,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052205C
favorite_border

Опис на производот

Biogaia Protectis Капки е граничен производ кој содржи Limosilactobacillus Reuteri, природен лактобацил и витамин Д. 

кој го помага возобновувањето на природниот баланс во цревата и одржувањето на истиот.

Limosilactobacillus Reuteri Protectis е пробиотик и претставува најчест пронајден присутен сој на Lactobacillus во цревата на човекот. Кај доенчиња, мали деца и возрасни помага во возобновување и одржување на природниот баланс во цревата, ја воспоставува и одржува микрофлората на гастроинтестиналниот тракт, ги спречува коликите, го модулира имунолошкиот одговор и ги спречува инфекциите.

Limosilactobacillus Reuteri е еден од најиспитуваните пробиотски ланци и е одобрен како ефикасен и безбеден производ за доносени новородени деца, деца и возрасни.

Витаминот Д учествува во градење, раст и одржување на коските кај доенчиња, мали деца и возрасни. Има антиинфламаторни, антиоксидативни и невропротективни својства, го поддржува имуниот одговор, мускулната функција и активноста на мозочните клетки. Недоволни количини на витамин Д во организмот доведува до појава на рахитис кај деца а кај возрасните и постари лица до остеопороза.

БиоГаја ПроТектис капките се препорачуваат при:

  • Новородени деца кои се родени со царски рез за обезбедување и одржување на нормалниот цревен микробиот
  • Интестинални колики (грчеви) кај новородени деца, доенчиња, деца и возрасни
  • Третман и превенција на регургитација кај доносени новородени деца и доенчиња
  • Третман и превенција на констипација кај доносени новородени деца, доенчиња и возрасни
  • Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца и возрасни
  • Го намалува ризикот од појава на NEC (некротизирачки ентероколитис) кај новородени деца, деца и возрасни
  • Како дополнителна терапија, кога се користи антибиотик, кај новородени, доенчиња, деца и возрасни 
  • Дијареја
  • Подобрување на имунитетот
  • Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
  • Како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
  • Го намалува ризикот од појава на остеопороза кај возрасни и стари лица
  • Ја подобрува апсорпцијата на кациум и овозможува минерализација на коските
  • Ја подобрува невромускулната функција
  • Помага во одржувањето на здравјето на устата и забите (L. Reuteri Protectis е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)

Пакување: 5 мл

Содржина

Состав: L. reuteri Protectis 108 CFU/5  капки и витамин Д.

Помошни супстанции: сончогледово масло, средноверижно триглицеридно масло (масло од јатка од палма), L. reuteri DSM 17938 и силициум диоксид.

Употреба: Препорачаната дневна доза на граничниот производ, за новородени деца, доносени новородени деца, деца и возрасни е 5 капки на ден.

Протресете го шишенцето 10 секунди пред секоја употреба. Ставете 5 капки во лажиче. Капките може да се стават и во мајчино млеко. Не ги употребувајте капките со топла храна и топли напитоци.

Да се чува во оригинално пакување на суво место на температура до 25°С. Да се чува на места недостапни за деца!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се