BODYBOOM FaceBoom Seboom 10 минутен киселински пилинг, 30 г

BodyBoom FaceBoom SEBOOM 10 minute acid peeling 10 minuten kiselinski piling
BODYBOOM FaceBoom Seboom 10 минутен киселински пилинг, 30 г
339,00 ден.
288,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Бренд
Шифра
055111C
favorite_border

Опис на производот

BodyBoom FaceBoom Seboom 10 minute acid peeling 10 минутен киселински пилинг

  • Природен 10 минутен киселински пилинг за измазнување со 10% комплекс на киселини, наменет за масна, комбинирана и проблематична кожа
  • 95% состојки од природно потекло според стандардот ISO 16128
  • Создаден за да ја врати природната рамнотежа и свежината на лицето
  • Активните состојки кои содржат мешавина од AHA, BHA и PHA киселини ги осветлуваат дисколорациите на површината на кожата по изложување на сонце и појава на акни
  • Хемискиот пилинг е козметички третман кој го отстранува горниот слој на вашата кожа
  • Овој пилинг ќе помогне да се исчисти кожата од митесери и да се регулира производството на себум, што е една од причините за појава на несовршености
  • Ако редовно го користите овој серум, кожата ќе биде видно помазна и темелно исчистена

Активни состојки:

  • Салицилна киселина (БХА): Влијае на регулацијата на себум и има својства против црнки. Ги намалува флеките и несовршеностите
  • Лимонска киселина (АХА): Ги осветлува акните и диксолорацијата поврзана со изложување на сонце. Ја изедначува бојата и и дава сјај на кожата
  • Млечна киселина (АХА): Ја намалува дисколорацијата, ги затегнува порите и може да го одложи процесот на стареење
  • Гликолна киселина (АХА): го ексфолира епидермисот, ја навлажнува кожата, ја забрзува регенерацијата, го омекнува и измазнува епидермисот
  • Глуконолактон (PHA): Ги намалува лезиите и несовршеностите по појава на акни и го спречува создавањето на митесери. Ја хидрира кожата и штити од загуба на вода
     

Пакување: 30 г

Содржина

Состојки: вода, пропанедиол, натриум лактат, глуконолактон, трехалоза, гликолна киселина, лимонска киселина, млечна киселина, салицилна киселина, ксантан гума. 

Употреба: Нанесете го пилингот на исчистена и сува кожа на лицето и вратот за време на вечерната рутина. Избегнувајте ја областа околу очите, устата, ноздрите и мукозните мембрани. По нанесувањето може да се појави мало пецкање, што е многу нормално кај производите со киселини. Оставете да делува околу 10 минути, а потоа исплакнете темелно со млака вода. Во зависност од вашата чувствителност на кожата, можете да го користите 2-3 пати неделно.

Предупредување: Пред првата употреба, направете тест за алергија на мал дел од кожата. Во случај на активни акни, консултирајте се со лекар. Избегнувајте долго изложување на сонце додека го користите производот. Не заборавајте да користите производи со висока заштита од сонце во текот на денот - тие ќе ја чуваат вашата кожа безбедна и ќе го задржат нејзиниот младешки изглед долго време!
Мерки на претпазливост: Да се чува на собна температура. Да не се изложува на силна сончева светлина.

После првото отварање да се користи до 6 месеци.

Мислења на потрошувачи

saraabaz99
5
/
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се