ERBAGIL Idrozoil Средство за измивање, 150 мл

Erbagil Idrozoil Rinsing Detergent sredstvo za izmivanje
ERBAGIL Idrozoil Средство за измивање, 150 мл
707,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
052889C
favorite_border

Опис на производот

Erbagil Idrozoil - средство за измивање со Ozoile ЕРБАГИЛ ПАТЕНТ. Иновативна формула за ефикасно и длабинско чистење со подобрено дејство на чистење. Комбинацијата на Ozoile и чајно дрво со чистечкото дејство на децил-глукозид, неагресивен сурфактант со мал капацитет на сушење и висока биокомпатибилност го штити хидролипидниот филм на кожата и мукозата и создава заштитна бариерна функција на кожата и прави неповолна средина за патогени микроорганизми. Редовната употреба на производот ја спречува појавата на сите непријатни сензации поврзани со дерматолошки проблеми, карактеризирани со иритација, чешање, ксероза, дисбаланс на себум, кожна реактивност.

  • OZOILE® (Стабилен озонид) - Ги намалува иритацијата и чешањето и создава неповолна средина за развој на патогени микроорганизми. Дејствува против црвенило, чешање, горење, оток и дегенеративни процеси во тек. Пренесува кислород до ткивото и го обновува хидро-липидниот заштитен филм
  • Децил глукозид е нежен сурфактант и широко компатибилен со кожата, со слабо својство на делипидирање за длабинско и нежно чистење
  • Маслото од чајно дрво го подобрува дејството на OZOILE®

Индикации: 

  • Се користи за секојдневно чистење и хигиена на воспалена кожа и кожа што чеша, мукоза и скалп погодени од микроорганизми
  • За длабинско и нежно чистење на кожа, мукозни мембрани и скалп подложни на иритација, чешање, ксероза, дисбаланс на себум и кожна преосетливост и за третман и превенција на сите чести сензации поврзани со дерматолошки проблеми
  • Може да се користи за миење и чистење на кожа која доаѓа во допир со ортопедски помагала: импланти, потпори, ортози, гипс.
  • Идеален е за третман на кожа и мукозни мембрани кај бебиња, деца и неподвижни пациенти со висока дисхидроза, недостаток на липиди, чуствителна, прозирна и десквамирна кожа склона кон улцерии, особено во долните регии или на места кои се подложени на висок притисок
  • За чистење и превенција на рани
  • Може да се користи за чистење на интимата, аналната и перианалната област во случај на хемороиди, рагади и проктитис пред и по хируршки операции.
  • Особено погоден за често миење поради спортска активност и натпревари
  • Употребата е индицирана за време на бременост, како и по породување и за време на менструален циклус

Кожа и скалп: Преосетливост на кожата, воспалителни состојби и чешање, ксероси, дерматози, првут, алергиски, иритативен и себороичен дерматит.

Хигиена: Смирувачко дејство против црвенило и чешање, делува освежувачки.

Доенчиња и деца: теменици, црвенило, воспалителни, иритирани состојби и чешање, атопичен и алергиски дерматитис.

Постари лица: за воспалена кожа, при чешање, иритирана, проsирна и алергиска кожа, иритација, себороичен дерматит.

Пакување: 150 мл.

Содржина

Состав: Озоил (стабилен озонид), децил глукозид, масло од лист на чајно дрво (Melaleuca Aiternifolia).

  • Без SLS и SLES
  • Без алергени
  • Без бои
  • Без глутен

Употреба: 

  1. Чистење на кожата: Нанесете ја вистинската количина на производ на влажен сунѓер, нежно тријте го на кожата, а потоа исплакнете со вода.
  2. Интимна хигиена: Нанесете ја вистинската количина на дланка, направете пена, исчистете, истријте и исплакнете со вода
  3. Чистење на скалпот: Нанесете го производот на влажен скалп, измасирајте и исплакнете со вода

Предупредување: Не голтајте и чувајте го подалеку од дофат на деца. Не го користете овој производ по истекот на рокот на употреба. Датумот на истекот на рокот се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. Не го користете ако се чини дека пакувањето е оштетено. Избегнувајте контакт со очи, а доколку тоа се случи исплакнете темелно. Нема случаи на сензибилизација или несакани ефекти, но доколку се појави овој феномен, прекинете ја употребата и консултирајте се со Вашиот лекар. Цврсто затворете го шишето по употреба.

Чувајте го производот на суво место далеку од извори на топлина и од изложеност на сончева светлина. По отварање се препорачува да го користите производот во рок од 6 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се