GALENIKA Димигал 50 мг, 10 таблети
Опис на производот
Димигал е лек кога припаѓа на групата лекови кои се нарекуваат антихистаминици.
Се користи кај возрасни и деца постари од 2 години за:
- Превенција на мачнина, повраќање и/или вртоглавица кај болестите на движење (кинетози)
- Лекување на мачнини и повраќање предизвикани од Мeniere-ова болест и други пореметувања на рамнотежата.
Пакување: 10 таблети
Содржина
Состав: 1 таблета содржи: дименхидринат 50 мг
Помошни состојки: лактоза монохидрат, боја тартразин Е102.
Употреба:
- Деца од 2-6 години: 12.5 - 25 мг (1.4-1.2 таблета) секој 6-8 часа по потреба, не повеќе од 1.5 (една и пол) таблета за 24 часа
- Деца од 6-14 години: 25-50 мг (1.2-1 таблета) секој 6-8 часа по потреба, не повеќе од 3 таблети (150 мг) за 24 часа
- Возрасни и деца над 14 години: 50-100 мг (1-2 таблети) секој 4-6 часа по потреба, не повеќе од 8 таблети (400 мг) за 24 часа
За спречување на мачнина, повраќање и/или вртоглавица кај кинетози (болест на движењето) Димигал треба да се земе 30 минути пред поаѓање на пат. Таблетата треба да се проголта со доволно течност, најдобро после оброк.
Додека го земате лекот немојте да пиете алкохол ниту да земате лекови кои содржат алкохол, затоа што може да предизвикаат зголемување на седативното дејство (поспаност).
Не се препорачува употреба на лекот за време на бременост и доење.