NATURAL WEALTH Имуно форте, 20 шумливи таблети

Natural Wealth IMUNO FORTE
NATURAL WEALTH Имуно форте, 20 шумливи таблети
386,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050407C
favorite_border

Опис на производот

Формулата содржи 3 важни состојки за зачувување на имунитетот, во високи, силни дози.
Секоја шумлива таблета со вкус на портокал и грејпфрут содржи витамин Д, витамин Ц и цинк. 

Витаминот Д во својата активна форма (витамин Д3) придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и здрав имунолошки одговор, но исто така и на многу други телесни функции како што се нормална функција на мускулите и одржување на нормалните коски и заби. Овој витамин е во фокусот на научниците: студиите покажуваат дека скоро 50% од населението има недоволна количина на витамин Д во организмот, затоа домашните и меѓународните експерти препорачуваат земање на додатоци на витамин Д. Одржувањето на добра концентрација на витамин Д во крвта никогаш не било попотребно! 

Витамин Ц  има цела низа позитивни ефекти врз одржувањето на здравјето. Докажано е дека витаминот Ц има важен ефект во одржување на здрав имунитет и обезбедува антиоксидантна заштита на нашите клетки. Исто така, придонесува за намалување на заморот и производството на енергија, нормална функција на нервниот систем и зачувување на здравјето на кожата, 'рскавицата и коските. Дополнување со овој важен имунолошки сојузник е особено препорачливо во постудениот дел од годината. 

Цинкот е моќен минерал со многу важни улоги за здраво тело, а една од најпознатите улоги е секако придонесот кон функцијата на имунолошкиот систем. Цинкот ги штити клетките од оксидативен стрес, важен е за здрав вид, коса, кожа, нокти.

Пакување: 20 шумливи таблети

Содржина

Состав:

Витамин Д 1000 ИЕ (25мкг)

Витамин Ц 1000 мг

Цинк 10 мг

Употреба: една шумлива таблета дневно се раствара во чаша вода после оброк. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се