NOW Биоастин 4 мг, 60 капсули

NOW Биоастин 4 мг, 60 капсули
1.741,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
007524C
favorite_border

Опис на производот

Природниот астаксантин BioAstin е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни придобивки.

BioAstin, еден од најсилните природни антиоксиданти:

  • придонесува за нормална мукозна мембрана (слузница)
  • придонесува за нормален метаболизам на железото
  • придонесува за одржување на нормална кожа
  • придонесува за одржување на нормален вид
  • придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
  • има улога во процесот на специјализација на клетките
  • придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес

Пакување: 60 капсули

Астаксантинот е истиот црвено-портокалов пигмент кој се наоѓа кај водените животни или во перјата на најегзотичните видови на птици. Не само што му дава боја на животот, туку исто така се рангира како еден од најсилните антиоксиданти познати на човекот.
Има 10 пати посилно дејство од бета-каротенот и научниците докажаа дека астаксантинот е поефикасен и од витаминиот Ц и од витаминот Е.
Антиоксидантите се апсолутно потребни во одржувањето на здраво тело. Слободните радикали се високо нестабилни молекули што се должи на нивниот недостаток на еден непарен електрон поради што отцепуваат еден електрон од стабилните молекули, предизвикувајќи некогаш здравиот молекул да стане настабилен. Кога еднаш слободните радикали ќе го оштетат молекулот, таа молекула иде по истиот пат и ги оштетува другите молекули започнувајќи неправилен и опасен ланец на настани. Некои доктори и научници велат дека слободните радикали го помагаат процесот на стареење и сите негови ефекти. За жал, на можеме да ги спречиме слободните радикали бидејќи тие се базираат на кислород.
Секогаш кога дишеме, кислородните молекули навлегуваат во нашите бели дробови, патуваат низ нашиот крвоток и одат директно до клетките кои го користат кислородот како енергија и за изградба на протеините. Ако ова се случува само понекогаш, слободните радикали нема да ни претставуваат грижа, но за наша несреќа, за нашите клетки и ДНК, секоја клетка може да претрпи 1000 удари од активноста на слободните радикали во рок од 24 часа!
Бидејќи неопходно е да дишеме и кислородот ни е неопходен, докторите и научниците откриле дека природата создала посада на чистачи на слободните радикали наречени антиоксиданти. Астаксантинот е антиоксидант кој што оди многу понатаму. Бидејќи има мала молекуларна тежина, може да ја помине крвно-мозочната бариера каде што дејствува неговата антиоксидантна магија врз очите, мозокот и централниот нервен систем. Исто така, има подолг период на постоење и е отпорен на оштетување, што му овозможува подолг временски период да ги придружува слободните радикали од клетките до другите антиоксиданти како витаминот Ц.

Содржина

Состав: три капсули (дневна доза) содржат природен хавајски астаксантин 12 мг (од Haematoccocus pluvialis микроалга). 

Други состојки: масло од шафраника, желатин, глицерин, прочистена вода, природни токофероли. Исто така содржи природни каротеноиди вклучувајќи лутеин. 

Не содржи: глутен, лактоза, квасец, пченка, пченица, пестициди и хербициди, BSE, вештачки бои. Без ГМО.

Употреба: 1 до 3 капсули дневно со храна. BioAstin најдобро се апсорбира кога се зема со храна или оброк кој содржи масти.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се