UPSA Ефералган + витамин Ц 330 мг/200 мг 10 шумливи таблети
Опис на производот
Ефералган шумливите таблети се наменети за третман на болка и/или треска, како што се главоболки, состојби слични на грип, забоболки, мускулни болки, болни менструации.
Содржат парацетамол кој претставува аналгетик (помага при болка) и антипиретик (ја намалува температурата) и витамин Ц.
Пакување: 10 шумливи таблети
Содржина
Состав:
Една шумлива таблета содржи:
- Парацетамол 330 мг
- Витамин Ц (аскорбинска киселина) 200 мг
Останати состојки: калиум бикарбонат, натриум бикарбонат, сорбитол (Е420), анхидрид на лимонска киселина, натриум бензоат (Е211), натриум докузат, повидон.
Употреба:
Возрасни: 1-3 x 1-2 таблети на ден (најмногу 8 таблети на ден)
Деца од 8-12 години: 1-3 пати на ден по една таблета
Таблетата се раствора во чаша вода.