Варумин 1, 50 мл+Варумин 2, 200 мл

Varumin
Варумин 1, 50 мл+Варумин 2, 200 мл
3.499,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
010038C
favorite_border

Опис на производот

Varumin® е традиционален  хербален лек за перорална апликација, кој се состои од две формулации: Varumin® 1 и Varumin® 2 кои се употребуваат во комбинација. Овој хербален лек во својот состав содржи: сув екстракт од алое, прополис и воден екстракт од поголем број растенија.
Состојките на Varumin® имаат широк спектар на фармакодинамска активност. Овие состојки се користат во традиционалната, хомеопатската и научната медицина.

Традиционалниот хербален лек се користи за подобрување на општата состојба на организмот, исцрпеност, смалена отпорност, адјувантна терапија при стандардно лекување на разни акутни и хронични заболувања, малигни заболувања, за ублажување на несаканите ефекти од цитостатската терапија кај малигни болести, корисна комбинација со конвенционална цитостатска терапија кај малигни заболувања, кај други состојби каде постои смален имунитет (анемии, ХПВ инфекции, мултиплекс склероза).

Пакување: 

  • Варумин® 1 Раствор за орална употреба 50 мл
  • Варумин® 2 Раствор за орална употреба 200 мл

Содржина

  • Варумин® 1

Раствор за орална употреба 50 мл

СОСТАВ:
- Водениот екстракт од растителни дроги*
- Сув екстракт од алое

*Воден екстракт се приготвува од:
- Visci Herba (херба од имела)
- Прополис

  • Варумин® 2

Раствор за орална употреба 200 мл

СОСТАВ:
- Водениот екстракт од растителни дроги*
- Сув екстракт од алое

*Воден екстракт се приготвува од:
- Inulae Radix (корен од оман)
- Visci Herba (херба од имела)
- Cornus Cortex (кора од дрен)
- Calendulae Flos (цвет од невен)
- Millefolii Herba (херба од ајдучка трева)
- Cynodon Rhizoma (ризоми од троскот)
- Hyperici Herba (херба од кантарион)

Дозирање и начин на апликација:

Varumin® е наменет за перорална употреба според следната шема:
Почеток на третманот
Терапијата започнува со Varumin® 1: целата содржина од Varumin®1 (50 мл) се пие 1 час пред јадење.
Продолжување на третманот
6 часа после земањето на Varumin® 1, се започнува со земање на Varumin® 2.
Varumin® 2 се зема 4 пати дневно, по 10 мл, 1 час пред јадење.

Мерки на претпазливост: Треба да се чува на температура до 25°C, заштитен од светлина. Да се чува вон дофат на деца. Не треба да се користи после истекот на рокот означен на пакувањето.

Ако сте земале поголема доза од потребната веднаш консултирајте се со лекар или фармацевт. Ако сте прескокнале доза, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.

Varumin® не би требало да го користат:

  • Лица кои се преосетливи на некоја од компонентите на препаратот
  • Лица со интестинална опструкција
  • Лица со постојна инфламаторна интестинална болест (Кронова болест, улцеративен колитис)
  • Лица со воспаление на слепото црево (appendicitis) и болки во стомакот од непознати причини
  • При бременост и лактација
  • Деца помлади од 10 години, заради тоа што за нив не е потврдена безбедноста на препаратите кои содржат алое
  • Лица со хипертироидизам

Продолжена употреба на препаратите кои содржат алое може да предизвика:

  • Хиперсензитивни реакции кои се манифестираат со дерматитис со егзематозни реакции
  • Губиток на електролити (особено калиум), инхибиција на интестиналниот мотилитет и потенцирање на активноста на кардиоактивните лекови
  • Гастроинтестинални нелагодности, срцева аритмија и нефропатии (во ретки случаи);
  • Албуминурија и хематурија

За парахидроксибензоатите се знае дека може да предизвикаат уртикарија или одложен тип на реакции како контактен дерматитис. Ретко може да настанат брзи алергиски реакции со уртикарија и бронхоспазам. Во случај да се забележат алергиски реакции од ваков тип, треба веднаш да се прекине се употребата на препаратот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се