SUPERDIET Органски производ со мед, матичен млеч, полен, прополис, бор, еукалиптус, 20 ампули по 15 мл

SUPERDIET Pin Miel Pollen Bio Immunite & Respiration Seve imperiale Pine honey pollen organic, Immunity and Respiration, 20 ampules imunitet respiratoren med bor eukaliptus maticen mlec polen  propolis
SUPERDIET Органски производ со мед, матичен млеч, полен, прополис, бор, еукалиптус, 20 ампули по 15 мл
1.442,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020269C
favorite_border

Опис на производот

Superdiet Pin Miel Pollen Bio Immunite & Respiration Додаток во исхрана на база на мед, кучешки трн, сребрен бор, еукалиптус, матичен млеч, полен, прополис.

  • Сертифициран органски производ
  • За имунолошкиот и респираторниот систем
  • Со растенија и продукти од мед

За возрасни и деца над 6 години.

  • Сребрениот бор придонесува за нормално функционирање на респираторниот систем
  • Поленот го поддржува имуниот систем на организмот, помага за намалување на заморот и придонесува за тонус и енергија
  • Матичниот млеч е вистинско богатство на пчелината кошница и ексклузивна храна на пчелите
  • Органскиот мед има природно сладок вкус
  • Прополисот, заштитен слој од есенцијално значење за животот во пчелината кошница, се собира и се шири од пчелите на ѕидовите од нивната кошница, со цел да се формира вистинска природна бариера помеѓу нив и надворешната околина. Прополисот го дава слаткиот мирис благодарение на ароматичната смола што ја содржи
  • Кучешкиот трн и еукалиптусот ја надополнуваат оваа формула

Пакување: 20 ампули по 15 мл.

Производител: Labaratoires SUPER DIET BP 70010 59721 Denain Cedex, Франција.

Содржина

Состав:

Активни состојки 1 ампула 
Сребрен бор (Pinus sylvestris)  148 мг**
Еукалиптус (Eucalyptus globules)     148 мг**
Мед   2500 мг
Течен екстракт од прополис

600 мг

288 мг

еквивалент на 43 мг прополис                            

Кучешки трн (Hippophae rhamnoides) 310 мг
Матичен млеч  100 мг
Полен   100 мг

**еквивалент на суво растение

Состојки: воден екстракт на сребрен бор*(пупка) и еукалиптус*(лист), мед*, течен екстракт од прополис* (средство за врзување мед*), сок од кучешки трн*, концентриран сок од портокал*, матичен млеч*, полен*.

*Состојки од органско производство.

Употреба: Производот е наменет за возрасни и деца над 6 годишна возраст (во согласност со мерките за предупредување). Се препорачуваат по 1 до 2 ампули на ден, наутро. Добро протресете ја ампулата пред употреба. Талогот од полен кој може да се појави на дното на ампулата, е нормална појава. 

Предупредување: Да не се користи кај доенчиња. Не се препорачува употреба на овој производ кај деца под 6 години, бремени жени и доилки. Да не се употребува истовремено со антикоагуланси. Производот не е наменет за лица алергични на еукалиптус или 1,8 еукалиптол и пчелини производи, како и при астма. Пред употреба на производот консултирајте се со Вашиот лекар.

Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Препаратот не заменува оброк и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува на места, недостапни за деца. Ампулите се наменети за пиење не за инјектирање. 
 

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се