ESENSA Марисол изотоник спреј за нос, 50 мл
Опис на производот
Marisol Isotonic спреј растворот за нос е изотоничен раствор од морска сол. Наменет е за лица кај кои е пореметена нормалната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol Isotonic растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормалната продукција на слуз која ја штити од исушување и механички надразнувања (чад, прав итн.).
Кога да се користи Marisol Isotonic спреј?
- За секојдневна хигиена на носот
- Кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици со алергиско потекло
- Кај сува и надразнета слузокожа, чија нормална физиолошка функција е пореметена
- Кај лица кои имаат тенденција кон сушење на слузокожата на дишните патишта, особено во текот на патувања или престој во простории со централно греење и клима уреди
- Непосредно пред да се употребат капки за нос, со цел да се испере носната шуплина и да се овозможи подобар контакт на лекот со носната слузокожа
Пакување: 30 мл
Содржина
Состав: 1 мл спреј содржи 9 мг морска сол.
Растворувач: прочистена вода.
Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл.l.