Кантерпеин класик крем, 100 г

Counterpain Classic kanterpein
Кантерпеин класик крем, 100 г
590,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
012462C
favorite_border

Опис на производот

Counterpain Classic е аналгетски крем кој содржи 3 активни супстанции: метил салицилат, еугенол и ментол.

  • Немасен, бел крем со мирис на ментол и метил салицилат.
  • Се употребува кај возрасни и деца на возраст од над 12 години
  • За ублажување на болка и состојби како што се болки во грбот, вкочанетост во половината и/или во грбот, болка во мускулите и зглобовите (вклучувајќи „грчеви“ и „воспаление на лактот“), пренапрегнатост, главоболки поради напнатост на мускулите на вратот, болки во мускулите од прекумерен замор или вежбање.

Веднаш ослободува од:

  • Мускулни болки
  • Артралгија
  • Вкочанетост на половината и грбот

Поради содржината на метил салицилат, кремот Counterpain предизвикува ефект на затоплување по нанесувањето на кожа.

Пакување: 100 гр.

Содржина

Состав: метил салицилат, еугенол и ментол. Секој 1 гр крем содржи 100 мг метил салицилат, 13 мг еугенол и 54 мг ментол.

Останатите состојки се: глицерил стеарат, дериват на пчелин восок од полиоксиетилен сорбитол, карбоксиполиметилен, натриум лаурил сулфат, натриум хидроксид, AF емулзија против пенење, прочистена вода.

Употреба: Нанесете доволна количина на Counterpain на болнато место и нежно масирајте додека количината на кремот целосно не се апсорбира во кожата.

За најдобри резултати кај уморни стапала, ставете ги стапалата 5 минути во топла вода, добро исушете ги и потоа нанесете крем Counterpain. Избегнувајте контакт со очите и слузниците.

Иако употребата на Counterpain не е ограничена за одреден временски период, ако симптомите траат повеќе од 3 дена, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Мерки на претпазливост: Овој лек не се препорачува за деца под 12 години. Треба да се консултирате со Вашиот лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо после 3 дена. Немојте да употребувате Counterpain ако сте алергични на активните супстанции, салицилни деривати (вклучувајќи ги и оние што се земаат преку уста, особено кога се поврзани со историја на астма) или на некоја од другите состојки на овој лек. Ако сте алергични на ацетилсалицилна киселина, ибупрофен или друг нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ, лек за третман на болка и воспаление), вклучувајќи ги и лековите кои се земаат преку уста. Не треба да се употребува овој лек, особено кога е поврзан со историја на астма. Кремот не го нанесувајте на иритирана кожа, отворени рани или слузокожа. Да се употребува само на кожа. Да се употребува подалеку од устата, носот и очите (може да предизвика печење). Измијте ги Вашите раце пред и по употребата. Не ги мијте рацете по употреба ако го употребувате за рацете. Не користете топли облоги на погодената област на која е нанесен кремот, бидејќи може да предизвика иритација или печење на кожата. Не ставајте завои или фластери на погодената област бидејќи тоа може да ја зголеми трансдермалната апсорпција на активните супстанции и да се предизвикаат несакани дејства. Известете го Вашиот лекар или фармацевт ако земате или употребувате, неодамна сте земале или употребувале или можеби ќе треба да употребувате други лекови. Ова е особено важно ако употребувате лекови кои го намалуваат згрутчувањето на крвта или спречуваат згрутчување на крвта: кумарински антикоагуланти (како што е варфарин), антитромбоцитни лекови (како што се ацетилсалицилна киселина, клопидогрел, триклопидин), други фармацевтски производи кои содржат ацетилсалицилна киселина. 

Ако случајно истиснете премногу крем, употребете марамче за да го избришете вишокот.
Ако Вие или некое дете случајно го проголта кремот, веднаш контактирајте со Вашиот лекар или со болница.
Ако сте заборавиле една доза, употребете го кремот веднаш штом ќе се сетите. Ако се наближува времето за следната доза, пропуштете ја дозата која сте ја зборавиле и продолжете со препорачаната програма за дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Ако сте бремена или доите, мислите дека можеби сте бремена или планирате да имате дете, советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребите овој лек. Треба да разговарате за придобивките и ризиците од употребата на овој крем за време на бременоста. Информирајте го Вашиот лекар ако доите. Треба да разговарате за потенцијалните ризици за Вашето бебе. Мора да се донесе одлука дали да се прекине доењето или не.

Начин на чување: чувајте на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се