ALKALOID Блокмакс Дуо 200 мг/500 мг, 10 таблети
Опис на производот
Блокмакс Дуо претставува комбиниран аналгетик. Содржи ибупрофен, којшто спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни (противвоспалителни) лекови (НСАИЛ), со аналгетично (против болка), антипиретично (против покачена температура) и со антиинфламаторно (противвоспалително) дејствување. Содржи и парацетамол, чие дејство е комплементарно со она на ибупрофенот. Двете компоненти делуваат синергистички.
Блокмакс Дуо се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, која не се ублажува со употреба само на ибупрофен или само на парацетамол, како на пример:
- Главоболка
- Мигрена
- Забоболка
- Мускулна болка
- Болка во грбот
- Болка при поблаги артритични состојби
- Ревматска болка.
Пакување: 10 таблети