ALKALOID Кафетин колд макс 10 кесички
Опис на производот
Caffetin COLDmax претставува комбиниран препарат кој содржи две активни супстанции, парацетамол и фенилефрин. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната температура. Фенилефринот ја намалува назалната конгестија, со што овозможува проодност во носот и во дишните патишта.
Caffetin COLDmax се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура).
Пакување: 10 кесички
Содржина
Состав:
Парацетамол | 1000 мг |
Фенилефрин хидрохлорид | 12,2 мг (еквивалентен на 10 мг фенилефрин, база) |
Помошни супстанции: сахароза, аскорбинска киселина, лимонска киселина, натриум цитрат, аспартам, сахарин натриум, колоиден силициум диоксид, безводен, арома на лимон.
Употреба:
Препорачана дневна доза е од 1-4 кесички. Интервалот помеѓу одделни дози треба да биде најмалку 4 часа. Mаксимална дневна доза е 4 кесички.