ALKALOID Кафетин колд, 10 таблети

ALKALOID Кафетин колд, 10 таблети
130,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
005546C
favorite_border

Опис на производот

Caffetin Cold претставува комбиниран препарат кој содржи повеќе активни супстанции: парацетамол, псевдоефедрин, декстрометорфан и витамин Ц. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тампература. Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.

Caffetin Cold се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).

Пакување: 10 таблети

Содржина

Состав:

Парацетамол 500 мг
Псевдоефедрин хидрохлорид 30 мг
Декстрометорфан хидробромид 60 мг

 

Употреба:

Возрасни и деца над 12 години се препорачува по 1 таблета  4 пати на ден, интервалот помеѓу одделни дози треба да биде најмалку 4 часа (најмногу 4 пати по 2 таблети на ден).

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се