BECUTAN Масло со лаванда, 200 мл
Опис на производот
Формулацијата е збогатена со природно масло од лаванда со потекло од хрватскиот остров Хвар, кој традиционално е познат по одгледувањето и производството на едно од најквалитетните масла од лаванда, докажано по своето благотворно дејство, како и единствениот мирис. Becutan маслото од лаванда не содржи парфеми, единствениот мирис на производот е резултат на комбинацијата на ароматични компоненти, кои го даваат препознатливиот мирис на лавандата.
Becutan маслото со лаванда е идеално за нега и заштита на бебешката кожа, но и за секојдневна масажа, која е од големо значење за севкупниот развој на бебето.
Допирот е единственото сетило потполно развиено уште од самото раѓање, а редовната масажа кај бебињата покрај тоа што ги опушта, истовремено го поттикнува дигестивниот систем, влијае на развојот на ориентацијата и моториката, а придонесува и за зголемувањето на имунитетот, бидејќи родителската близина и допирите полни со топлина и нежност се незаменливи во ритуалот на секојдневна нега и здравиот развој на детето.
Рекласирачката масажа и мирисот на лаванда со своето благопријатно и смирувачко дејство ќе придонесат за мирен сон по вечерното капење, а после масажата, кожата на бебето останува мека, нежна и со пријатен мирис, кој го задржува смирувачкото дејство, продолжително, во текот на спиењето.
Пакување: 200 мл.
Содржина
- Не содржи алкохол
- Не содржи бои
- Не содржи парабени
- Не содржи мириси
- Има приспособена pH вредност