BIONIKA Диабил, 30 капсули
Опис на производот
Диабил е додаток во исхрана кој се употребува за одржување на нормални концентрации на глукоза во крвта и за нормален метаболизам на микронутритиентите (јаглехидрати, масти и протеини).
Хром пиколинат е сол на хром и пиколинска киселина со стандардизирано количество на 12% хром (тровалентен). Пиколинската киселина е природен метаболит на триптофан, што го прави хром пиколинат еден од најрасположливите извори на храна.
Постојат уште две други форми во кои се сретнува хромот (никотински и хлоридни соли), меѓутоа дожано е дека формата хром пиколинат е со најдобра апсорпција и најголема ефикасност.
Пакување: 30 меки желатински капсули
Производител: Бионика Фармацеутикалс, Скопје, Р.С.Македонија
Содржина
Состав: пчелин восок, рафинирано масло од соја, делумно хидрогенизирано масло од соја, соја лецитин, желатин, глицерол, боја железен оксид црвен Е 172, железен оксид црн Е 172, прочистена вода.
Активни состојки | 1 мека желатинска капсула | 100 г производ |
Хром пиколинат |
125 мкг | 0,0176 г |
Сув етанолен екстракт од горчлива диња (momordica charantial) 4:1 | 250 мг | 35,21 г |
Дозирање: Една мека желатинска капсула на ден наутро со оброк.
Мерки на претпазливост: Не се препорачува кај лица кои имаат недостаток на ензимот глукоза-6-фосфат дехидрогеназа, кај деца, бремени жени и доилки. Може да го потенцира дејството на инсулинот, на оралната антидијабетична терапија и на препаратите за намалување на холестерол.
Не ги употребувајте додатоците на храна како замена за разновидна исхрана. Придржувајте се до дозирањето дадено во упатството. Ако земете поголема доза консултирајте го својот лекар или фармацевт.
Да се чува на собна температура до 25°C. Чувајте го на места недостапни за деца.