DEFENDYL Имуноглукан сируп, 120 мл
Опис на производот
Сирупот Defendyl-Imunoglukan P4H® е течен додаток на исхраната кој содржи витамин Ц и природен полисахарид Имуноглукан® (плеуран, изолиран од печурката буковка (Pleuratus ostreatus).
-
Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем
-
Погоден за деца над 1 година (по совет на доктор) и за возрасни на кои повеќе им одговара течност
Пакување: 120 мл
Производител: MEDIS Медис д.о.о., Љубљана, Словенија во соработка со Плеуран, с.р.о. ЕУ
Содржина
Состав: Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина), Имуноглукан (IMG® (плеуран, изолиран од печурката буковка), вода, фруктоза, регулатор на киселост: на киселоста (лимонска киселина), конзерванс (калиум сорбат).
Употреба:
Сирупот земајте го на празен стомак, наутро, половина час пред појадокот или навечер, пред спиење. Сирупот се зема еднаш на ден, најмалку 2-3 месеци.
Сирупот може да го користат деца од 1-3 години но само по препорака на лекар.
Пред употреба, добро протресете го шишенцето.
Препорачана доза:
Возраст | Препорачана количина | Имуноглукан мг | Витамин Ц мг |
1-3 | 3 | 30 | 30 (38 %ПДВ*) |
4-6 | 4 | 40 | 40 (50 %ПДВ*) |
7-10 | 4,5 | 45 | 45 (56 %ПДВ*) |
деца над 14 години и возрасни | 14 | 140 | 140 (175 %ПДВ*) |
*ПДВ - Препорачан дневен внес
-
Погоден за вегетаријанци и за дијабетичари
-
Не содржи: глутен
Мерки на претпазливост: Чувајте го на места недостапни за децата! Чувајте го на температура од 5 до 25°C, заштитен од влага и од директна сончева светлина.
По првото отворање чувајте го производот во фрижидер на температура од 2 до 8°C и искористете го во период од три месеци.
Во сирупот може да се формираат бели кристали кои немаат влијание врз квалитетот на сирупот.
Додатокот на исхрана не е замена за балансирана и разновидна исхрана како и здрав начин на живот.
Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.
Defendyl-Imunoglukan P4H® сирупот не смеат да го употребуваат пациенти со пресадени органи. Пациентите кои се на имуносупресивна терапија може да употребуваат Defendyl-Imunoglukan P4H® сируп само по препорака на лекар. Defendyl-Imunoglukan P4H® сирупот може да го земаат бремени жени и доилки само со консултација со лекар или фармацевт.