DR. THEISS Хербал Септ Кидс лижавчиња против кашлица (малина), 6 парчиња
Опис на производот
Хербал Септ Кидс кашлица ја подобрува влажноста на грлото овозможувајќи олеснето искашлување на секретот. Овие својства на производот ја враќаат рамнотежата на надразнетата слузница.
Екстрактот од бел слез содржи слузи кој рамномерно ја обложува слузницата на устата и грлото, овлажнувајќи ја и штитејќи ја од штетното дејство на надворешните надразнителни фактори.
Екстрактот од тимјан ја интензивира подвижноста на влакненцата на епителните клетки и на тој начин го подржува физиолошкото чистење на дишните патишта.
Лижавчињата Хербал Септ Кидс се препорачуваат:
- За олеснување на кашлица и намалување на честота на кашлањето кај деца и возрасни
- Како помош во олеснување на искашлувањето
- Како средство за заштита на слузницата на усната шуплина од надразнителни фактори
- Кај лица кои патат од сува слузокожа на устата
Пакување: 6 лижавчиња со вкус на малина
Содржина
Содржи: екстракт од исландски лишај, екстракт од тимјан, екстракт од бел слез, аронија во прав, витамин Ц (Л-аскорбинска киселина).
Останати супстанции: шеќер, гликозен сируп, регулатор на киселост: лимонска киселина, природна арома на малина, вода, боја Е120.
Употреба: Деца постари од 3 години: 1 лижавче не повеќе од три пати на ден. Препорачаната доза од три лижавчиња на ден не треба да се надминува.