GALENIKA Дефринол 30 мг/200 мг, 20 таблети

Galenika Defrinol 30 mg-200 mg 20 tablets
GALENIKA Дефринол 30 мг/200 мг, 20 таблети
190,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049294C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Defrinol Дефринол е лек кој се користи за попуштање на запушеноста на носот/синусите пропратено со главоболка, зголемена температура и болки кои се поврзани со настинка и грип

  • Лекот содржи ибупрофен, нестероиден антинфламаторен лек (НСАИЛ), кој делува така што доведува до попуштање на болката и намалување на високата температура и треска
  • Таблетите исто така содржат псевдоефедрин хидрохлорид, деконгестив кој помага при отпушување на носот/синусите и овозможува проодност на дишните патишта
  • Таблетите не треба да се даваат на деца помлади од 12 години

Пакување: 20 таблети.

Содржина

Состав: 1 филм таблета содржи: псевдоефедрин-хидрохлорид 30 мг, ибупрофен 200 мг.

Употреба: Возрасни и деца постари од 12 години: препорачана доза е 1-2 таблети на секој 4-6 часа ако е неопходно. Не земајте повеќе од 6 таблети дневно.

Предупредување: Не ја пречекорувајте наведената доза. Не го земајте лекот ако: ако сте алергични или во историјата на болеста имате исип по кожата, уртикарија, јадеж, тешкотии со дишењето, стегање во градите, оток на устата, лицето, усните или јазикот, во текот на користење на ибупрофен, аспирин, други НСАИЛ или сте алергични на било која помошна супстанција која се наоѓа во составот на лекот, ако имате или некогаш сте имале чир на желудникот, перфорација или крварење од желудникот, ако боледувате од шеќерна болест, имате проблеми со простатата, имате заболување на тироидната жлезда, глауком или феохромоцитом (тумор на надбубрежната жлезда), ако имате тешко заболување на бубрезите (бубрежна инсуфициенција), тешко заболување на црниот дроб, срцево заболување, тешка срцева инсуфициенција, висок крвен притисок или пореметување на циркулацијата (ангина пекторис), ако употребувате лекови за лекување на депресија како што се инхибиторите на моноаминооксидазата или трициклични антидепресиви (или сте ги земале во претходните 14 дена), ако имате било какви други проблеми со крварење, ако во историјата на болеста имате мозочен удар, ако употребувате други НСАИЛ, лекови против болки или деконгестиви, ако сте помлади од 12 години, ако сте бремени или доите. Бидете посебно внимателни со Дефринол и пред употреба известете го својот лекар или фармацевт: ако имате проблеми со срцето вклучувајќи срцева инсуфициенција, ангина пекторис (болка во градите) или некогаш сте имале инфаркт на миокардот, by-pass операција, периферна артериска болест (лоша циркулација во нозете или стапалата поради стеснување или запушување на артериите), или било кој вид на шлог (вклучувајќи "мини шлог" или транзиторен исхемичен атак -"ТИА"), ако имате висок крвен притисок, шеќерна болест, високо ниво на холестерол во крвта, имате срцево заболување или шлог во семејната историја или пушите. Ризикот е поголем при големи дози и продолжено лекување. Немојте да ја пречекорувате препорачаната доза на лекот и должината на траењето на терапијата, ако имате пореметувања на крварењето, ако имате чир на желудник или воспалителна болест на цревата (нпр. улцерозен колитис или Кронова болест), ако боледувате од астма или алергија, ако имате заболување на срцето, бубрезите, црниот дроб или простатата, ако сте повозрасни, доколку често имате несакани дејства (крварење од желудникот или перфорација) која може да доведе до смртен исход, ако боледувате од системски лупус еритематозус-СЛЕ болест на имунолошкиот систем кој се манифестира со болка во зглобовите, промени на кожата и др.), ако сте бремени или доите, ако сте дехидрирани и имате од 12 до 17 години, под ризик сте од создавање бубрежно заболување. Затоа прашајте го својот лекар пред употребата на лекот ако имате од 12 до 17 години, не сте земале течност или сте изгубиле течност поради долготрајно повраќање или пролив. За време на лекувањето треба да се избегнува конзумирање на алкохол. Псевдоефедрин хидрохлорид може да предизвика позитивна реакција на тестовите за антидопинг проверка. Деца и адолесценти постари од 12 години може да користат Defrinol /Дефринол®. Лекот Defrinol /Дефринол® не се применува кај деца помлади од 12 години. Ибупрофенот припаѓа на групата лекови НСАИЛ кои може да ја намалат плодноста кај жените. Ова дејство е реверзибилно после престанок на земањето на лекот. Малку е веројатно дека ибупрофенот може да влијае на можноста да забремените, меѓутоа пред почетокот на употребата на овој лек известете го својот лекар доколку имате проблем да забремените. Ве молиме да имате во вид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Кажете му на својот лекар или фармацевт ако употребувате: лекови кои спречуваат згрутчување на крвта како што се варфарин, тиклопидин, аспирин / ацетилсалицилна киселина, лекови за намалување на високиот крвен притисок (нпр. лекови од групата АКЕ инхибитори како што е каптоприлот, бета блокатори како што е атенолол, антагонисти на ангиотезин II рецепторите како што е лосартан) и диуретици (за исфрлање на вишок на течност), срцеви гликозиди како што е дигоксин (дигиталис) или кинидин за заболувања на срцето, фенитоин (за лекување на епилепсија), литиум (за лекување на пореметување на расположение), метотрексат (за лекување артритис т.е. воспаление на зглобови), антациди (за лекување чир на желудник т.е. жиговина), циклоспорин (за намалување на имунолошкиот одговор нпр. после трансплатација), мифепристон (за прекинување на бременост), хинолонски антибиотици (за лекување на широк спектар на инфекции), такролимус (за спречување на отфрлање на транспланти), соединенија на сулфонилуреата на кои им припаѓа глибенкламид (за лекување шеќерни болести), кортикостероиди (за лекување воспаленија нпр. хидрокортизон), селективни инхибитори на превземање на серотонин-ССРИ (нпр. флуоксетин, за лекување депрасија), аминогликозиди (нпр. гентамицин или амикацин, за лекување инфекција), антибактериски лек фуразолидон (за лекување инфекции), зидовудин (за лекување на ХИВ инфекции), гванетидин, ресерпин или метилдопа (за лекување на заболувања на срцето и циркулацијата), сулфинпиразон и пробенецид (за лекување гихт – натрупување на соли на мокрачна киселина во зглобовите и ткивата), диуретици кои штедат калиум (за лекување на заболувања на срцето), ергот деривати (за лекување мигрена), агонисти на допаминските рецептори (за лекување на симптомите на Паркинсонова болест), хепарин, гинко билоба (за лекување на згрутчување на крвта). Ако треба да примите анестезија, прекинете со земањето на лекот Defrinol®/Дефринол® и известете го анестезиологот. Некои други лекови може да влијаат на дејството на лекот Defrinol®/Дефринол® и Defrinol®/Дефринол® може да влијае на дејството на други лекови. Затоа треба да се посоветувате со својот лекар или фармацевт пред употребата на лекот Defrinol®/Дефринол® заедно со други лекови. Известете го својот лекар или фармацевт ако земате, или ако до неодамна сте земале или имате намера да земате некои други лекови. Не земајте Defrinol®/Дефринол®: ако земате други НСАИЛ, ако земате деконгестиви (назални или орални), ако земате или последните две недели сте земале лекови за депресија познати како инхибитори на моноаминооксидаза(МАОИ), ако земате трициклични антидепресиви (за лекување депресија). Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. Лекот се применува перорално и само во краток временски период. Ако сте земале/употребиле поголема доза од Defrinol®/Дефринол®отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте земале повеќе од лекот Defrinol®/Дефринол® него што требало, обратете се на лекар или одите веднаш во болница. Земете ги со себе преостанатите таблети и пакувањето како би ги покажале на лекарот. Доколку дојде до случајно предозирање прекинете со употребата на лекот. Ако сте заборавиле да го земете/употребите лекот Defrinol®/Дефринол®. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Ако сте заборавиле да го земете лекот, следната доза земете ја во вообиченото време. Доколку симптомите на настинка / грип не престануваат, се влошуваат или се јавуваат нови, обратете се на својот лекар. Доколку имате било какво дополнително прашање за употребата на лекот консултирајте се со својот лекар или фармацевт. Доколку симптомите траат подолго од 3 дена, обратете се на својот лекар. Да се чува надвор од дофат и видокруг на деца. Да се чува на температура до 25°С во оригиналното пакување.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се