GALENIKA Дефринол форте (60 мг + 400мг), 10 таблети

Galenika Defrinol Forte 10 tablets
GALENIKA Дефринол форте (60 мг + 400мг), 10 таблети
246,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052340C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Defrinol® forte Дефринол форте (60 мг + 400мг) е лек кој се користи за ублажување на затнат нос и синуси, главоболка, болка, воспаление, покачена температура и други симптоми на настинка и грип.

  • Таблетите содржат псевдоефедрин хидрохлорид, кој е т.н. деконгестив кој ја ублажува затнатоста на носот и синусите и ибупрофен кои припаѓа на групата на нестероидни антиинфламаторни лекови и ја ублажува болката и главоболката, ја намалува температурата и знаците на воспаление
  • Таблетите не треба да се користат за лекување на деца помлади од 12 години

Пакување: 10 таблети.

Содржина

Состав: 1 филм таблета содржи: псеудоефедрин-хидрохлорид 60 мг, ибупрофен 400 мг.

Употреба: Возрасни и деца постари од 12 години: една филм-обложена таблета, до максимум 3 таблети дневно, по потреба, во интервали од најмалку 8 часа. Не земајте повеќе од 3 таблети во текот на 24 часа.

Предупредување: Немојте да го земате/употребувате Defrinol® forte/Дефринол® форте: ако имате или сте имале чир (улкус) на желудникот, перфорација (пробивање на зидот на желудникот) или крварење од дигестивниот тракт, ако сте имале перфорација или крварење од желудникот по употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) (повраќање на крвава или темна содржина што наликува на талог од црно кафе, појава на крв во столицата или црна столица која личи на катран), ако сте алергични или сте имале реакции на преосетливост (на пр. астма, течење од носот, отекување на лицето, усните или грлото, исип на кожата) при употреба на ибупрофен, аспирин, други нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), псевдоефедрин или ако сте алергични на некои од помошните супстанции во составот на лекот, ако веќе земате аспирин (ацетилсалицилна киселина) во доза поголема од 75 мг дневно или друг лек од групата на НСАИЛ, ако имате тешко заболување на црниот дроб или бубрезите, ако имате тешко заболување на срцето или крвните садови, вклучувајќи забрзано срцебиење и ангина, ако имате покачен крвен притисок, ако имате зголемена активност на тироидна жлезда, дијабетес или тумор на надбубрежната жлезда (т.н. феохромоцитом), ако имате глауком (болест на очите со зголемен притисок на очите), ако земате или сте користеле во последните 14 дена лекови за терапија на депресија наречени инхибитори на моноаминооксидаза (МАО инхибитори), ако имате проблем со простатата, ако сте бремени. Ризик од срцев и мозочен удар: лековите за ублажување на болка, како што е ибупрофенот, може да доведат до мало зголемување на ризикот од срцев или мозочен удар, особено ако се употребуваат во големи дози. Придржувајте се кон препораките кои се однесуваат на дозата и траењето на употребата на лекот. Пред употребата на лекот, известете го Вашиот доктор или фармацевт. Бидете посебно внимателни со Defrinol® forte/Дефринол® форте: Ако имате или порано сте имале астма или друга алергиска болест, заболување на цревата или Кронова болест, ако имате заболување на бубрезите, срцето или црниот дроб, ако имате системско заболување на сврзното ткиво, како што е системски лупус, ако сте постари (бидејќи почесто може да се појават несакани реакции), ако користите или Ви се препишани други лекови за ублажување на болка, ако имате проблеми со срцето како што се срцева слабост, ангина (болка во градите), ако имате срцев удар, ако Ви е вграден бајпас, ако имате заболување на периферните артерии (слаба циркулација во нозете и стапалата поради артериско стеснување) или сте имале било кој вид на мозочен удар (вклучувајќи го и т.н. мини-удар, односно транзиторен исхемиски напад) – видете го делот Ризик од срцев и мозочен удар, ако имате висок крвен притисок, дијабетес, зголемено ниво на холестерол, ако во семејството имате лица со срцево заболување или мозочен удар, ако сте пушач. Ако добиете генерализиран еритем со пустули, проследен со покачена температура, веднаш прекинете со употреба на лекот и контактирајте го Вашиот доктор или најблиската здравствена установа. Бременост и доење: Ибупрофенот, кој влегува во составот на лекот Defrinol® forte/Дефринол® форте, спаѓа во групата на лекови кои може негативно да влијаат врз плодноста на жените. Овој ефект престанува кога ќе престанете да го земате лекот. Консултирајте се со Вашиот доктор пред да го употребувате овој лек доколку имате проблем да забремените. Во текот на првите 6 месеци од бременоста, лекот можете да го земете само откако ќе се консултирате со доктор. Лекот не смее да се користи во последните три месеци од бременоста, бидејќи може да доведе до оштетувања на плодот. Ако доите, консултирајте се со Вашиот доктор пред да го употребите овој лек. Ако го употребувате овој лек, ова може да ја намали можноста да станете бремени. Ова дејство престанува кога ќе престанете со употребата на лекот. Може да се појават алергиски реакции бидејќи лекот содржи боја 4R lakе 22% (E124). Ве молиме да имате во вид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт: други лекови за ублажување на болка, ниски дози на аспирин, до 75 мг дневно, антикоагуланси (лекови против згрушување на крвта, на пр. варфарин, тиклопидин), мифепристон (за прекин на бременоста) - не земајте ибупрофен ако сте користеле мифепристон во текот на изминатите 12 дена, диуретици (лекови за излачување на течности), антихипертензиви (лекови против висок крвен притисок) (на пр. ACE инхибитори како што се каптоприл, бета-блокатори како што се атенолол, антагонисти на ангиотензин II рецептори како лосартан), лекови за срцеви заболувања, кортикостероиди (антиинфламаторни лекови кои се користат за разни заболувања и состојби како што се болка, отоци, алергии, астма, ревматизам и кожни заболувања), литиум (за лекување на нарушувања на расположението), метотрексат (за лекување на артритис, карцином, псоријаза), зидовудин (за лекување на ХИВ), хинолонски антибиотици (за лекување на инфекции), антидепресиви, циклоспорин или такролимус (лекови за супресија на имунолошкиот одговор, на пр. по трансплантација, за псоријаза или ревматизам), други деконгестиви или лекови за сузбивање на апетитот, ергот алкалоиди (за мигрена). Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. Секогаш земајте Defrinol® forte/Дефринол® форте филм-обложени таблети како што е пропишано. Проверете кај Вашиот доктор или фармацевт ако не сте сигурни како треба да го земате лекот. За контрола на симптомите, најниската ефективна доза треба да се користи во најкраток можен рок. Лекот се употребува перорално. Ако земете повеќе Defrinol® forte/Дефринол® форте отколку што треба, веднаш контактирајте доктор и земете го со Вас ова упатство или пакувањето на лекот. Внесување на големи дози на лекот Defrinol® forte/Дефринол® форте може да предизвика мачнина, болка во стомакот, повраќање (понекогаш со примеси на крв), главоболка, зуење во ушите, збунетост и нистагмус. Пријавени се поспаност, болка во градите, палпитации, губење на свеста, конвулзии (обично кај деца), слабост, вртоглавица, крв во урината, чувство на студ во телото и проблеми со дишењето. Ако сте заборавиле да го земете/употребите лекот Defrinol® forte/Дефринол® форте, не ја надоместувајте дозата предвидена за тој ден, туку продолжете со земање на лекот според вообичаениот режим на дозирање. Ако Вашите симптоми престанат, може да престанете да го земате лекот. Ако нема подобрување или Вашите симптоми се влошат, престанете да го земате лекот и јавете се на доктор. Ако имате било какви дополнителни прашања во врска со употребата на овој лек, контактирајте го Вашиот доктор или фармацевт. Чувајте го лекот надвор од дофат и видокруг на деца. Да се чува на температура до 25°C, во оригиналното пакување, поради заштита од светлина и влага.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се