ICB PHARMA Nitolic Prevent Ластичиња за коса, за заштита од вошки, 4 парчиња

Pipi Nitolic Prevent Hair Bands For Lice 4 Pcs lasticinja za kosa protiv voski
ICB PHARMA Nitolic Prevent Ластичиња за коса, за заштита од вошки, 4 парчиња
596,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
056628C
favorite_border

Опис на производот

Nitolic Prevent Hair Bands Ластичиња за коса, за заштита од вошки се медицинско средство специјално наменето за деца.

  • Ефикасна и брза заштита од зараза со вошки
  • Долготрајна заштита
  • 100% природни состојки
  • Удобни за носење
  • Да не се користи ако веќе има зараза од вошки
  • Производот не содржи пестициди и вештачки состојки
  • Благодарение на уникатната формула, ластичето постепено ослободува пријатен мирис кој штити од зараза со вошки

Инструкции за употреба: се препорачува употреба на производот кога вешето дете престојува во 

  • средина каде е забележана појава на вошки (школо, градинка)
  • средина со висок ризик за појава на вошки (летен камп)

Заразата со вошки најчесто настанува при директен контакт на пример при гушкање или во тек на детската игра. Со собирање на косата во репче, пунџа или плетенки ризикот за зараза со вошки се намалува. 

Пакување: 4 ластичиња.

Производител: ICB PHARMA Tomasz Świętosławski, Paweł Świętosławski S.j. ul. Moździerzowców 6a, 43-602 Jaworzno Полска.

Содржина

Состав: маслен комплекс кој содржи масла од: рузмарин, чајно дрво, пеперминт, цитронела, жалфија и лаванда; вулканизирана природна гума, полиетилен тетрафталат.

Начин на употреба: 

  1. Осигурајте се дека вашето дете нама вошки или гниди
  2. Ако косата е влажна, исушете ја добро пред да го ставите ластичето
  3. Отворете ја кесичката во која е спакувано ластичето 
  4. Растегнете го ластичето да овозможите активирање на ароматичните состојки 
  5. Направете репче, пунџа или плетенка и заврзете со Nitolic ластиче

Напомена: Истовремено користете само едно Nitolic ластиче.

Совети за поефикасна заштита: Ниско репче е добра заштита – високо репче (репчиња) се подобра заштита, плетенка е одлична заштита, пунџа (пунџи) е најдобра заштита. 

Внимание: Само за надворешна употреба. Да се чува на места недостапни за деца помали од 3 години. Да не се користи за време на бременост и доење.  Немојте да го носите производот во контакт со очи, уста, нос или грло. Да не се користи во случај на алергија на некоја од состојките на производот. 

Пред употреба внимателно прочитајте ги инструкциите за употреба. Да не се користи ако е оштетено пакувањето. Да се чува на температура до 25ºC  на места заштитени од влага. 

За дополнителни информации консултирајте го вашиот лекар или фармацевт. Ако дојде до појава на несакани дејства веднаш престанете со употреба на производот и консултирајте го вашиот лекар или фармацевт. Употребата кај деца под 12 годишна возраст мора да биде под надзор на возрасно лице. Темелно измијте ги рацете по употреба. Да не се користи за време на спиење. Да не се користи на влажна коса, ниту за време на туширање и бањање. Ако по отворање на кесичката, мирисот ви е многу интензивен можете да го оставите ластичето на отворено во тек на еден час. Отстранете го производот во согласност со мерките за заштита на надворешната средина. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се