REPLEK Ибупрофен актив крем 10%, 50 г

Replek Ibuprofen Aktiv 10% Cream 50 g
REPLEK Ибупрофен актив крем 10%, 50 г
210,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
004597C
favorite_border

Опис на производот

Replek Ibuprofen Aktiv Cream 10% Ибупрофен Актив крем 10% е лек.

  • Содржи ибупрофен, кој припаѓа на групата на лекови наречени нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), кои делуваат така што ја ублажуваат болката и го намалуваат воспалението (отокот)
  • Може да се користи за ублажување на блага до умерена болка и воспаление (оток) поврзани со болка во грбот, ревматска и мускулна болка, болки при благи до умерени артритични состојби, изместување (шинување), истегнување, невралгија и спортски повреди

Пакување: 50 г.

 

Содржина

Состав: 1 г крем содржи 100 мг ибупрофен.

Помошни супстанции: метил парахидроксибензоат, пропил парахидроксибензоат, глицерол, пропилен гликол, бел мек парафин, емулгаде СЕ (глицерил стеарат/цетеарет-20/цетеарет-12/цетеари алкохол/цетил палмитат), течен парафин, цетил алкохол, карбомер, натриум хидроксид, прочистена вода.

Употреба: 

Возрасни, постари пациенти и деца над 12 години: Да се истисне 2 цм до 5 цм од кремот (50 мг до 125 мг ибупрофен) и нежно да се втрие на заболеното место, се додека не се апсорбира.

Доколку е потребно, кремот нанесувајте го на секои 4 часа. Кремот не треба да се употребува повеќе од 4 пати во тек на 24 часа. Не употребувајте повеќе од препорачаната доза. После секое нанесување на кремот, рацете треба добро да се измијат.

Ибупрофен Актив кремот не смее да дојде во допир со слузницата на очите и други слузници (уста, нос, генитално или анално подрачје). Кремот не треба да се нанесува на оштетена или инфицирана кожа. Ибупрофен Актив кремот не смее да се нанесува под оклузивен завој или фластери. Во случај на појава на исип, примената на кремот треба да се прекине. Ако после 2 недели примена, симптомите не се смират или дојде до влошување на симптомите, разговарајте со Вашиот лекар.

Предупредување: 

Немојте да го употребувате Ибупрофен Актив: ако сте алергични (пречувствителни) кон ибупрофен или кон некоја од помошните супстанции на лекот, доколку имате астма, алергиски ринитис (течење на носот) или јадеж, исип на кожата во вид на црвени плуски (уртикарија) и доколку во минатото сте имале лоша реакција на ацетилсалицилна киселина, ибупрофен или други НСАИЛ, не употребувајте на оштетена или инфицирана кожа, исто така не употребувајте кај помлади од 12 години, освен по препорака на Вашиот лекар, ако сте бремени или доите, освен по препорака на Вашиот лекар

Бидете посебно внимателни со Ибупрофен Актив: ако имате или претходно сте имале чир на желудникот или цревата, ако имате проблеми со бубрезите, ако имате или сте имале астма, ако во тек на примена на кремот Ви се појави исип. Во тој случај прекинете со примената на кремот

Ибупрофен Актив кремот може да ја направи Вашата кожа почувствителна на сончева светлина. За време на примената на кремот, не ја изложувајте третираната кожа на директна сончева светлина и не ја покривајте со фластери или завои.

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек доколку сте бремени. Кажете му на Вашиот лекар ако сте бремени (или мислите дека можеби сте бремени). Ибупрофен Актив кремот не треба да го употребувате во период на бременост, освен по препорака на Вашиот лекар.

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек доколку доите. Ибупрофен Актив не треба да го употребувате во период на доење, освен по препорака на Вашиот лекар.

Ибупрофен Актив кремот содржи конзерванси метил парахидроксибензоат и пропил парахидроксибензоат кои може да предизвикаат алергиски реакции (можни одложени реакции), пропилен гликол кој може да предизвика иритација на кожата, цетил алкохол кој може да предизвика локални кожни реакции (пример контактен дерматитис).

Употреба на други лекови: ве молиме да имате во предвид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Особено информирајте го Вашиот лекар ако земате: ацетилсалицилна киселина, или други нестероидни антиинфламаторни лекови (примената на овие лекови со Ибупрофен Актив кремот може да ја зголеми појавата на несакани дејства) или лекови кои се применуваат за намалување на висок крвен притисок или лекови кои ја разретчуваат крвта (ретко, Ибупрофен Актив кремот, може да влијае на дејството на овие лекови)

Ако сте употребиле поголема доза Ибупрофен Актив отколку што треба: не се забележани случаи на предозирање при локална примена на ибупрофен во облик на крем. Ако случајно сте проголтале од кремот, исплакнете ја устата и колку што е можно побрзо контактирајте со лекарот или најблиската болница. Доколку проголтате од кремот, може да се јават проблеми со стомакот. Ако сте испуштиле или заборавиле да го нанесете кремот, нанесете го веднаш штом се сетите. Ако се приближува времето за наредната доза, почекајте, не ја нанесувајте пропуштената доза туку наредната доза. Не нанесувајте наеднаш двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува во оргиналното пакување. Лекот чувајте го на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се