REPLEK Парафен 20 филм - обложени таблети

REPLEK Parafen 20 tablets
REPLEK Парафен 20 филм - обложени таблети
215,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020951C
favorite_border

Опис на производот

Парафен е комбинација на двете најбезбедни аналгетски компоненти, во ниски дози, со што се постигнува најдобра безбедност и ефикасност за третман на најчестите болки.

Парафен содржи 2 активни супстанции: ибупрофен и парацетамол.
Ибупрофен припаѓа на групата на лекови таканаречени нестероидни антиинфламаторни
лекови (НСАИЛ).

НСАИЛ делуваат така што ја ублажуваат болката, го намалуваат отокот и ја намалуваат високата телесна температура. 

Парацетамолот е аналгетик, кој во ублажување на болката и намалување на телесната температура, делува на начин различен од ибупрофенот

Парафен се применува за привремено ублажување на:

  • Блага до умерена болка поврзана со мигрена
  • Главоболка
  • Болки во грбот
  • Менструална болка
  • Дентална болка
  • Рeвмaтски и мускулни болки
  • Болка при благ облик на артритис
  • Симптоми на настинка и грип, болки во грлото и треска

Пакување: 20 филм-обложени таблети

Содржина

Состав: 1 таблета содржи:

  • Ибупрофен 200 мг
  • Парацетамол 500 мг

Помошни супстанции: лактоза.

Дозирање: 1 таблета со вода и храна, до 3 пати дневно. Растојанието помеѓу дозите треба да биде најмалку 6 часа. Максимум може да се земат по 2 таблети, 3 пати на ден. Не земајте повеќе од 6 таблети во тек на 24 часа.

Лекот не е наменет за деца под 18 годишна возраст.

Парафенот е наменет за перорална примена и краткотрајна употреба. Треба да се применува најмалата ефективна доза дадена во најкраток временски период, потребна за ублажување на симптомите.

Мерки на претпазливост: Да се чува на температура до 25°C во оригиналното пакување. Да се чува подалеку од дофат на деца. Не треба да го земате подолго од 3 дена. Ако симптомите се влошат или се уште траат, консултирајте се со вашиот лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се