UPSA Fervex За деца без шеќер, 8 кесички
Опис на производот
Fervex® за деца е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење, главоболка и/или покачена температура) кај деца од 6 до 15 годишна возраст.
Пакување: 8 еднодозни кесички
Содржина
Состав:
Активни компоненти: Парацетамол 280 мг Витамин Ц 100 мг Фенирамин малеат 10 мг |
Останати состојки: Арома на малина |
Напомена: Оваа формулација не содржи шеќери и други засладувачи.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Дозирање кај деца од 6 до 10 години: по 1 кесичка два пати на ден (2 кесички за 24 часа). Дозирање кај деца од 10 до 12 години: по 1 кесичка три пати на ден (3 кесички за 24 часа).
Дозирање кај деца од 12 до 15 години: по 1 кесичка четири пати на ден (4 кесички за 24 часа).
Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа, кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.
Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 мл) топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.
Времетраење на употреба: 3 дена. Ако олеснување на симптомите не се забележи по 3 дена употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.