BLACK UP Масло за брзо и за интензивно потемнување, 150 мл

black up fast tanning oil maslo za potemnuvanje
BLACK UP Масло за брзо и за интензивно потемнување, 150 мл
361,00 ден.
257,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
042653C
Online only
Акција 01-30.06.2024
favorite_border

Опис на производот

Добивањето бронзен тен е најпосакуваната работа во летниот период. За таа цел се користат различни методи и препарати. Едноставен начин за да го добиете посакуваниот бронзен тен е употребата на маслото Black up за брзо и за интензивно потемнување .

Овој производ во својот состав содржи масло од орев и ß-каротен, кои овозможуваат кожата да постигне убава бронзена боја. Се препорачува за лица што имаат природно потемен тен.

Витаминот Е дејствува антиоксидативно, па ја заштитува кожата од сушење и од предвремено стареење, а воедно овозможува нејзина подобра хидратација.

Содржи масло од морков, кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.

Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.

Како пигмент, ß-каротенот го олеснува добивањето бронзен тен.

Маслото од орев помага за добивање бронзен тен, но, исто така, претставува богат извор на есенцијални масла и на протеини, кои дополнително ја негуваат и ја штитат кожата, правејќи ја нежна, мека и еластична.

Маслото не содржи УВ-филтри и не заштитува од УВА- и од УВБ-зраците!

  • Дерматолошки тестирано

  • Наменето е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен, чија кожа не е лесно подложна на изгореници

  • Водоотпорно

Пакување: 150 мл.

Содржина

Начин на употреба: Маслото се нанесува повеќепати во текот на сончањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се