Бускопан 10 мг, 20 таблети

Бускопан 10 мг, 20 таблети
342,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
004649C
favorite_border

Опис на производот

Бускопан се користи за намалување на стомачни и грчеви кои предизвикуваат болка и нелагодност поврзани со вашиот дигистивен тракт и при синдром на иритабилен колон. Дејствува така што ги релаксира згрчените мускули во вашиот стомак и црева.

Пакување: 20 таблети

Содржина

Состав: 1 обложена таблета содржи 10 мг хиосцин бутилбромид.

Помошни супстанции:

Состав на јадрото на таблетата: калциум хидроген фосфат - безводен, пченкарен скроб - сушен, пченкарен скроб - растворен, колоиден силициум диоксид - безводен, винска киселина, стеаринска киселина.

Облога на таблетата: повидон, сахароза, талк, арапска гума, титаниум диоксид, макрогол, карнауба восок, бел восок.

Употреба: ако не е поинаку пропишано од лекар, се препорачуваат следниве дози:

Абдоминални грчеви: возрасни пациенти и деца на возраст над 12 години: 2 таблети, четири пати на ден.

Симптоматска терапија на синдром на иритабилен колон:  возрасни пациенти и деца на возраст над 12 години: препорачана почетна доза е 1 таблета до три пати на ден. Доколку има потреба дозата може да се зголеми до 2 таблети, четири пати на ден.

Лекот Бускопан 10 мг обложена таблета, не се препорачува за употреба кај деца под 12 години. Таблетите се земаат со доволна количина вода, не се кршат и не се џвакаат.

Бременост и доење: не го земајте лекот доколку сте бремени, мислите дека сте бремени и планирате бременост или доите.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се