4U PHARMA Babytol Д3 + ДХА Омега, 30 капсули
Опис на производот
Врз основа на препораките на Европската агенција за безбедност на храна (ЕFSА), неонатолозите и педијатрите во Европа и во нашиот регион препорачуваат суплементација со 100 мг ДХА омега-3 масни киселини дневно, од раѓање до 2-годишна возраст.
Како една од трите Омега-3 масни киселини, DHA е најважна за здрав развој на видот и мозокот на Вашето бебе.
Мозокот на бебето се развива најинтензивно во првите три месеци по раѓањето, а сетилата за вид, слух и говор во првата година. После една година, се развиваат високите функции на мозокот кои се важни за концентрацијата, вниманието и интелигенцијата на Вашето дете.
Babytol D3 + DHA Омега содржи 100% од препорачаната дневна доза на DHA омега-3 масни киселини од 100 мг и 100% од препорачаната доза на витамин Д3 од 400 ИЕ.
Пакување: 30 капсули.