BEBELAN Влажни марамчиња со сребрена вода, 60 парчиња

Опис на производот
Антибактериските влажни марамчиња BEBELAN Silver water се специјално создадени производи со природни состојки за врвна хигиена и нега на кожата.
Направени од неткаен текстил од вискоза, со внимателно нанесена сребрена вода, тие се 100% биоразградливи. Посебно дизајнирани за деликатната кожа на новороденчето, BEBELAN Silver water влажните марамчиња обезбедуваат врвно, меко и нежно искуство при бришењето.
Заради уникатните можности за прочистување, особено како неиритирачко природно средство за дезинфекција, сребрената вода е почитувана со векови. Се покажа дека сребрната вода ја стимулира регенерацијата на клетките на кожата кога се нанесува на повредена, на изгорена или на бактериски проблематична кожа.
Нашите марамчиња содржат 99,9% сребрена вода со концентрација на јони од сребро од 3-6 ppm (мг/л) и, со тоа, ги прави идеален природен производ за употреба без ограничувања, дури и кај оние со најчувствителна или кожа подложна на алергии.
Совршено се прилагодени за чистење на лице, на раце, на телото, како и на градите на доилките.
Само за надворешна употреба.
Пакување: 60 влажни марамчиња
Содржина
Состав: Purified Aqua, Citric Acid and Silver Citrate, Gluconolactone, Sodium Benzoate, Calcium Gluconate