BIODERMA Sensibio AR BB Тониран крем против црвенило со СПФ 30, 40 мл
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2021-09/bioderma-sensibio-ar-bb-cream-40ml.png?h=fbf7a813&itok=mMlM1TSX)
Опис на производот
Sensibio AR BB кремата е првиот третман кој го намалува црвенилото преку регулирање на биолошкиот фактор одговорен за вазодилатација, штити од УВ зраци (СПФ 30) кои се причина за зголемување на еритрозата, го изедначува тенот и го подобрува сјајот на кожата.
Во неговиот состав екслузивниот иновативен Rosactiv™ патент директно делува на васкуларниот ендотелен фактор, еден од главните фактори одговорни за дилатација и ослабнување на капиларите на кожата, кои предизвикуваат црвенило.
Природниот D.A.F. комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата. Прашоците и пигментите ја рефлектираат светлината и го покриваат црвенилото, оставаат мат, кадифен изглед на кожата и го подобруваат сјајот.
Пакување: 40 мл
Содржина
Употреба: нанесете Sensibio AR BB тониран крем на претходно исчистено лице. Распоредете рамномерно додека не се изедначи тенот. Избегнувајте контакт со очите.