BLACK UP Антипигментен крем со СПФ 50, 30 мл

Black Up Anti-Pigment Sunscreen Cream antipigment krem za zastita od sonce
BLACK UP Антипигментен крем со СПФ 50, 30 мл
636,00 ден.
544,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Акција
Шифра
055285C
favorite_border

Опис на производот

Black Up Anti-Pigment Sunscreen Cream Black Up Anti-Pigment Sunscreen Cream со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период.

Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови.

Нијацинамидот – витамин Б3 – е ефикасно соединение за осветлување на кожата, кое дејствува така што го инхибира трансферот на меланозомите од меланоцитите во кератиноцитите, а екстрактот од алое вера има заштитен ефект од оштетување на кожата од УВ-зрачењето.

Кремот е збогатен и со витамин Е, кој со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на функцијата на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци. Витаминот Е го стимулира процесот на заздравување и регенерација на кожата и влијае врз заштитата и одржувањето на природниот липиден баланс на кожата.

Од друга страна, пак, Де-пантенолот – провитамин Б5, кој во организмот се претвора во пантотенска киселина или во витамин Б5, е познат како моќен хумектант кој продира сѐ до долните слоеви на кожата.

Дерматолошки тестиран производ.

Пакување: 30 мл

Содржина

Состојки: вода, етилхексил метоксицинемат, диетиламино хидроксибензоил хексил бензоат, кококаприлат/капрат, цетеарет-20, глицерил стеарат, бис-етилхексилоксифенол метоксифенил триазин, ниацинамид, кокоглицериди, глицерин, диметикон, етилхексил триазон, феноксиетанол, цетеарет-12, цетерил алкохол, цетил палмитат, токоферил ацетат, карбомер, парфем, пантенол, етилхексил глицерин, натриум хидроксид, Aloe Barbadensis екстракт, аскорбинска киселина, калиум сорбат, натриум бензоат, натриум бисулфит, 2-бромо-2-нитропропан-1,3-диол, бензил бензоат, цинамил алкохол, цитрал, цитронелол, кумарин, Д-лимонен, хидроксицитронелал, линалоол, ВНТ.

Упатство за употреба: Се нанесува на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Пред сончање убаво да се нанесе доволна количина од производот.

Внимание: со нанесувањето помала количина од производот значително се намалува нивото на заштита. За да се одржи заштитата, се препорачува почеста апликациjа, особено по потење, пливање или по бришење со крпа.

Само за надворешна употреба! Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце. Не изложуваjте се предолго на сонце дури и при употреба на производ за заштита од сончевите зраци. Прекумерното изложување на сонце претставува сериозен ризик за здравjето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се