DR. THEISS Еукалиптус Ц балсам, 50 г
Опис на производот
Мукоплант - еукалиптус
Маст за надворешна употреба – дермална употреба (за втривање) и респираторна употреба (инхалација), со светло жолта боја и пријатен мирис на еукалиптус.
Се употребува за подобрување на општата здравствена состојба и олеснување на симптомите на настинки при кои се засегнати дишните патишта, како на пример:
- Некомплицирани настинки, придружени со кашлица и зголемена мукозна секреција
- Засипнатост
- Некомплициран бронхијален катар (воспаление на мукозните мембрани на бронхиите (бронхијална опструкција) со честа засегнатост на мукозната мембрана на трахеата (дишникот)
Пакување: 50 г
Содржина
Активни супстанции во 100 г маст:
- Eтерично масло од еукалиптус (Eukalyptus oil) 7,5 г
- Eтерично масло од бор (Pine sylvestris oil)7,5 г
- Kамфор, рецемичен (Camphor, racemic)5,0 г
Помошни супстанции: масло од пченка, рафинирано, пчелин восок, жолт, тврда маст.
Начин на употреба: За втривање и инхалација при настинка и бронхитис.
За втривање - Доколку не е поинаку препишано од лекар, маста во тенок слој се нанесува со лесно втривање на кожата на градите и грбот неколку пати во текот на денот и навечер пред спиење. По нанесувањето на маста, топлината треба да се одржува со фланелна или волнена облога или пациентот треба топло да се облече.
За инхалација - Растворете од маста количина колку зрно грашок во 1/2 л врела вода (65˚C), но не во вода што врие. Главата да се препокрие со пешкир и да се инхалира од пареата 5-10 минути. За деца во присуство на возрасен.
Маста е погодна за употреба и со апарат за инхалација кој користи врела вода. При употреба на апарат за инхалација, Ве молиме следете го упатството на апаратот.
Инхалацијата е особено погоден метод за олеснување на спиењето во случај на кашлица.
Локална употреба на кожа не се препорачува кај деца помеѓу 2,5 и 4 години и инхалација не се препорачува кај деца помеѓу 2,5 и 6 години.