DR. THEISS Мукоплант бршлен, 250 мл
Опис на производот
Сирупот Мукоплант бршлен е лек со хербален состав кој се употребува за искашлување (експекторанс) во случај на продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и кај деца од 2 годишна возраст.
- Го раствора секретот
- Го олеснува искашлувањето (го помага излачувањето на секретот од дишните патишта)
Пакување: 250 мл.
Содржина
Активна супстанција во 100 мл сируп:
Сув екстракт од лист на бршлен (Hedera helix L. folium) (4-8:1) 154 мг
Средство за екстракција: етанол 30% (/м/м).
Помошни супстанции: калиум сорбат, хидроксиетил целулоза, арома - црна рибизла; малтитол, раствор (Е 965), анхидрид на лимонска киселина: вода, прочистена.
Дозирање:
Возрасни, адолесценти и деца над 12 години: 15 мл три пати на ден. Деца помеѓу 6-11 години: 15 мл два пати на ден.
Деца помеѓу 2-5 години: 10 мл два пати на ден. За правилно дозирање треба да се употреби приложената одмерна чаша.
Сирупот Мукоплант бршлен не треба да се употребува кај деца под 2 години старост.
Начин на употреба: Перорална употреба.
Ако симптомите и по 7 дена од употребата на лекот сеуште се присутни, мора да се консултира лекар или фармацевт.
Информација за пациенти со дијабетес: 10 мл сируп содржи 4 г малтитол, раствор - што одговара на околу 0.3 лебни единици.
Ова треба да се земе во предвид кај лица кои страдаат од дијабетес мелитус.